Мислите вечер ќе се расчисти небово или да не тепам пат до Козјак за џабе?
Џабе ќе тепаш, има полиција таму. Ако скршнеш од патот можно е да те казнат.
Ское лето има забрани за движење по планини и пак има пожари. Толку да не можат 5-6 пиромани да фатат. Ама изгледа не сакаат.
Него ме занимаше кога манала месечинава (пред да стане месечина) оти не завлекла малце ваздух т.е. атмосвера со неа, нели сепак нејзината гравитација не е занемарлива.
Тоа вака јас лаечки си го замисливам како два магнети, едниот магнет да е со метални струганици на пример и еден 13,5 пати понемагнетизиран магнет да се удри во него, сепак добар дел од струганиците ќе се префрлат на малиот магнет. Може лоша ми е аналогијава али затоа прашав.
Точак, кога двете протопланети се манале, и настанале и месечината и земјата, и двете тела имале атмосфера. Земјата ја задржала атмосферата а месечината не.
Зошто е тоа така е комбинација меѓу гравитацијата и магнетното поле. Гравитацијата на месечината е минимална да би поддржала атмосфера и би требало таму да има атмосфера. Меѓутоа недостатокот на магнетно поле предизвикало електризирани честици од сонцето (сончев ветер) да ја „избијат“ атмосферата од месечината и да ја оддуваат нанадвор во вселената. Исто се случило и со Марс. Марс во минатото имал многу погуста атмосфера додека имал магнетно поле кое исчезнало. Марс константно ја губи својата атмосфера меѓутоа многу побавно зошто е подалеку од сонцето.
Незнaм дaли имa везе сo oнa линкoвите oд Миле, aмa вoлку звезди нa небo дo сегa немaм виденo вo живoтoт. Метеoри и чудa штo пaѓaaт не видoв oсвен еднa уткa штo ми прелетa нa 2 метрa oд мене.
Лoкaцијa-Преспa.
Метеорскиот дожд нема врска со количината на ѕвездите. Истите ѕвезди се гледаат и од Скопје и од Преспа само во Преспа се гледаат далеку повеќе зошто таму светлосното загадување е многу помало (light polution). Едноставно, темно е секаде околу Преспа па се гледаат многу ѕвезди.
Иначе наредната недела одиме во село Коњско во Преспа на Астро-камп со друштвото. Убедливо најдобро место за гледање на небо во Македонија, заедно со КОжуф.