Уствари, ова и не е толку лошо. Ако ништо друго, контекстуализира сувопарна дефиниција која на малечки дечиња не им значи ама баш ништо. На дете од трето одделение тешко е да му објасниш дека 1 Њутн = 1 kg * m/s^2 (ако добро ја памтам равенката). Знаење вистинска дефиниција е бескорисно ако не ја разбираш и не знаеш да ја употребиш.
Ама од друга страна, ако му објасниш дека еден њутн е силата потребна да мрдне предмет тежок 1 килограм, еден метар во насоката во која сакаш, полесно ќе го разбере тоа. Макар тоа било и со јаболко и пружина и што и да е.
А примерот со јаболкото се користи за на деца да им се објасни колку сила (или тежина) има еден Њутн. На пример, едно јаболко кое тежи 102 грама има тежина од 1 Њутн, односно гравитацијата го влече надоле со сила од 1 њутн.
The Newton is named after the famous scientist Sir Isaac Newton. Besides being a unit of force it was also adopted as a measurement of weight by the General Conference on Weights and Measures (CGPM) in 1960. A Newton is the force acting on a 1 kg object that would cause an acceleration of 1 m/s2. In general terms anything that has a mass of 102 grams is said to have a weight of one Newton, because a 0.102 kg object accelerating at 9.81 m/s2 gives you a force of one Newton.
https://hypertextbook.com/facts/2004/WaiWingLeung.shtmlСигурен сум дека наставник со искуство со предавање на мали дечиња би успеал ова подобро да го објасни од мене. Поентата ми е дека примерот не е лош. Малку е без врска напишано (и не знаеме дали е на друго место дообјаснето), ама примерот не е лош. Мислам дека нас примерот во школо ни го објаснуваа со прекидач за светло. Не сум 100% сигурен, може и да грешам.