Разумните луѓе ставовите ги градат врз основа на факти, и докази добиени со научниот метод.
Ова што си го пишал е точно.
За жал, на многумина не им е докрај јасно што точно е „факт“, па врз база на личните цврсти ставови (кои они си ги викаат „факти“) по пат на индукција создаваат секакви шарени и бизарни „теории“ со кои после го засмрдуваат дискурсот со замислени проблеми, ефектно одвлекувајќи го вниманието од вистинските проблеми. Така, и покрај најдобрата намера, стануват дел од проблемот, а не дел од решението.