Пред некој ден возејќи на отворено приметив како левиот ретровизор вибрира. Што да видам, стаклото долниот дел беше одлепено од самата плочка и се држеше само на горниот дел зошто лепакот беше сеуште ОК.
Купив некаков си лепак за стакла, го извадив стаклото внимателно од залепениот дел, ставив малце во круг на самиот раб од металната плоча. Не ставив на средина зошто се гледа дека таму е греачот и несакав да заебам работа со тоа. Еве неколку дена нема гајле, стаклото се гледа е добро залепено со плочата.
Незнам дали некој пробал да го украде па не му успеало до крај или па лепакот е неквалитетен. Читав на форуми не сум единствен со ваков проблем на голф мк7 ама во секој случај чудно зошто совозачкиот ретровизор е ОК.