Автор Тема: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI  (Прочитано 87230 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #270 на: 19 Мај 2020, 10:17:15 am »
Исто ми се деси на совозачка страна.

И јас го лепев. Еве, година дена нема мака.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #271 на: 19 Мај 2020, 12:45:17 pm »
@vlatko.klp Мене ми се има случено исто на Голф 5 пред 7-8 години, после месец дена секојдневно возење Куманово - Старо Нагоричане (магистралата до К.Паланка), еден од (сеуште) најлошите патишта, по некоја година и стаклото кај совозачот морав да го лепам
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #272 на: 19 Мај 2020, 16:03:44 pm »
@vlatko.klp Мене ми се има случено исто на Голф 5 пред 7-8 години, после месец дена секојдневно возење Куманово - Старо Нагоричане (магистралата до К.Паланка), еден од (сеуште) најлошите патишта, по некоја година и стаклото кај совозачот морав да го лепам
хахаха, исти пат, иста кола, исти проблем.  Мислам дека окрутува лепакот поради греачите и со тек на време по дупките се одлепува. Кај мене испадна скроз, па си купив ново, околу 600 ден. мислам беше.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #273 на: 19 Мај 2020, 18:28:02 pm »
Ништо чудно и кај мене да е истово, поготово овдека зимски период е долг и греачите често се користат а и патиштава низ град кај што ја возам колава се крш невиден.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #274 на: 31 Мај 2020, 19:07:44 pm »
Добро е да се знае, јас досега немам користено греачи на ретровизори, незнам зошто ама не ми маглат зимно време... или барем додека сум возел не сум имал проблем со маглење.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #275 на: 31 Мај 2020, 20:06:00 pm »
Добро е да се знае, јас досега немам користено греачи на ретровизори, незнам зошто ама не ми маглат зимно време... или барем додека сум возел не сум имал проблем со маглење.

Исто, никогаш до сега немам забележано такво нешто. Сега кога ќе размислам, зар постои такво сценарио?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #276 на: 31 Мај 2020, 20:09:19 pm »
Се надевам не се палат посебно на голфоите, туку како и на 99% од другите возила, кога ќе упалиш дефрост на задно стакло. Така да, веројатно ги користите, иако (мислите дека) немало потреба од нив.
Не се (само) за замаглени надворешни, туку и да ги исушат капките дожд, да го одмрзнат снегот....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #277 на: 31 Мај 2020, 20:14:22 pm »
@Simo - Carrier159 кај мене се на посебно копче ретровизори посебно задно стакло така да не верувам дека се пуштени заедно со задно стакло.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #278 на: 31 Мај 2020, 20:33:10 pm »
Се надевам не се палат посебно на голфоите, туку како и на 99% од другите возила, кога ќе упалиш дефрост на задно стакло. Така да, веројатно ги користите, иако (мислите дека) немало потреба од нив.
Не се (само) за замаглени надворешни, туку и да ги исушат капките дожд, да го одмрзнат снегот....

Муабетот ми беше никогаш до сега не сум видел замаглен ретровизор, за замрзнат не се сеќавам, не ми упаднало во поглед до сега.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #279 на: 31 Мај 2020, 20:43:04 pm »
Се замаглуваат ретровизорите кога ќе влезеш од надвор во потопла просторија, односно паркинг (гтц, џамбо, ситимол...)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #280 на: 31 Мај 2020, 22:52:19 pm »
Маглат и кога е ладничко а има доста влага, бар во утринските часови ми се има случено додека колата седела надвор на отворено. Не дека е лоша работа да се има, ама лично за мене подобро е седишта и волан да имаат греење отколку ретровизори, кои истите со прст се чистат.

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #281 на: 01 Јуни 2020, 19:46:55 pm »
Јас на пунтото неможев да си објаснам еден феномен. Левиот ретровизор никогаш ама баш никогаш се немаше замаглено или замрзнато а десниот редовно.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #282 на: 01 Јуни 2020, 19:53:57 pm »
Доволно е да бидеш во близина на некој ѕид или дрво :)

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #283 на: 02 Јуни 2020, 06:21:26 am »
На работа каде што ја оставам колата во радиус од 50 метра нема ни ѕид ни дрво.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #284 на: 02 Јуни 2020, 07:29:55 am »
Се надевам не се палат посебно на голфоите, туку како и на 99% од другите возила, кога ќе упалиш дефрост на задно стакло. Така да, веројатно ги користите, иако (мислите дека) немало потреба од нив.
Не се (само) за замаглени надворешни, туку и да ги исушат капките дожд, да го одмрзнат снегот....
Кај голфов е посебно а кај сеатот на пример е заедно со задно стакло. Идеална работа се греачиве за кај мене особено декември-март кога сабајле за на работа све е мразови. Работат до плус 14 мислам а ако е над тоа и да ти се уклучени мануелно сепак не се активира греењето.