Пред некој ден приметив при нерамен пат како нешто да ми тропка предницата или задницата не можев со сигурност да утврдам. Ја однесов кај овластен сервис од каде што ја купив (уште ми трае гаранцијата) и после 40 минути ми се јавија викаат дечко имаш кај резервното тркало момент клуч (таму го чувам со еден куп други работи) и при нерамнини пластиката каде што го чувам момент клучот се допирала со бандажот од резервното тркало. После тоа тестираа и рекоа ништо не тропа. Сега се е ОК.
И јас по стапките на
@WorM стигна сензорот за автоматски светла за голфот денеска од али-експрес. 2 минути работа за монтирање, одлично функционира сензорот т.е. кога ќе го покријам инстантно се палат светлата а за не повеќе од 3 секунди се гасат ако има светлина надвор.
Има некаква си демек каминг хоум/леавинг хоум функција ама не фунцкионира 100% како што треба односно при заклучување/отклучување на колата навечер, задните светла се палат но предните само ДРЛ но не и соборените за жал. Исто така навечер кога ја палиш колата, им треба едно 3 секунди на светлата да се смент од ДРЛ на соборени. Ако ми скурчи ова, може и ќе се вратам самиот да си уклучувам

сега за сега да видиме како ќе брка работа.

