Автор Тема: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI  (Прочитано 87167 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #315 на: 07 Септември 2020, 11:43:45 am »
Ние сме во Африка ;D
1 година или 10/15.000км.

Како и да е, нема штета од порано менување. Од друга страна, цената на сервисот го пушам за 2 месеца. 

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #316 на: 07 Септември 2020, 12:18:59 pm »
Абе види, нема штета за колата и секој месец да и правиш мал сервис и секоја година да купуваш нови гуми :)

Иначе, секоја година мора сервис чисто да се провери подвозје, кочници, да се смени филтер во кабина но тоа не значи дека дошло време за уље. Еве скоро ќе стигнам 100.000км, нека издржи уште толку и ајт доста и е.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #317 на: 29 Септември 2020, 15:29:58 pm »
Веќе на една друга тема напишав за проблемите што ги имав со десниот фар. Незнам како (веројатно моја вина) горниот дел од фарот што е испод хауба беше искршен на неколку места. Веројатно при затварање на хауба еднаш имав оставено алат врз фарот и поради силината кога се затвара хаубата фарот пукнал. Приметив пред некоја недела многу кондензираше фарот, па со селотејп и епокси лепак доста помогна да кондензацијата се намали. Последниве неколку дена уствари фарот беше сув ама при влажно време кога се вози колата кондензацијата повторно се појавува и многу идеше на нерви.Исто така кога надвор беше ладно а колата беше возена, после тоа кондезацијата повторно се појавуваше, иако мала сепак ми идеше на нерви.

После безброј изгледани видеа на јутуб како се менува фар, одлучив да купам половен и го сменив. Целата процедура траеше не повеќе од еден час и се помина во најдобар ред.

Фарот го најдов на ибеј од германија 95 евра.


Процедурата е следна

Првин се вади предната маска, има само 2 штрафчиња и само претпазливо



Вкупно има 4 места на кој фарот е прицврстен и најзаебана е локацијата покрај браникот и мора таму да се извади малце браникот за да се оштрафи еден штраф.



После тоа вниаметелно се вади, се става стариот е се враќаат сите пластики назад.



Иначе половниот фар дојде со сијалички али ги сменив со тие што веќе ги имав на стариот фар.

Тоа е тоа.



Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #318 на: 06 Ноември 2020, 19:56:36 pm »
Денес на 92400км монтирани зимските. Се мислев дали да купам нови зимски али има уште 1мм останато + слабо се вози колава ради вирусов. Иначе со новиве летни goodyear efficient grip performance 2 поминав сезонава 7100км. Презадоволен сум од перформанси, тивка и комфорна гума, мераци.

При монтирање ги проверив и плочките имаат уште месо останато. Задните додуша изгледа дека се повеќе истрошени. Али во секој случај ќе истерам преку 100.000км со фабрички сет на дискови и плочки.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #319 на: 13 Ноември 2020, 10:29:47 am »
После есенско перење со зимските чизми


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #320 на: 29 Март 2021, 15:56:39 pm »
Денес на 96.466 ставени летните. Со зимскиве поминато скромни 4000 км оваа сезона.

Листајќи по страниве назад со нокианот сум поминал вкупно 34.000км за 5 сезони. Не се скроз до 4мм али перформансите се очајни, по снег како санка беа ова зимо среќа не се возеше колата многу.
« Последно менување: 29 Март 2021, 16:05:23 pm vlatko.klp »

Отсутен markokogoj

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
  • Seat Ibiza 1.9 TDI
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #321 на: 30 Март 2021, 10:52:08 am »
Ко ќе ја продаваш колава, кажувај  :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #322 на: 05 Јуни 2021, 18:31:30 pm »
Дали знае некој сензор за потрошеност на плочки е само напред лево или има и позади? Некаде пишува дека голф7 има и позади сензор, некаде читав дека такво нешто не постои. Прашувам зошто до сега ми нема светнато ама дефинитивно задните дискови и плочки од тоа што може да се види визуелно се при крај, ама ништо ми нема светнато. Горниот слој на дисковите доста корозија има.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #323 на: 09 Јуни 2021, 16:37:12 pm »
Денес на 98473км воедно славиме 5 години и поминавме годишен технички преглед без никакви забелешки. Последниве 12 месеци поминати скромни 11к.

 - Едно кратко резиме за овие 5 години. Не сум имал никакви механички проблеми/подвозје, само промена на уље, филтри, свеќици. Како што ја купив од прв ден колата истиот филинг го има до ден денес - стегнато, сигурно и тивко ауто. Презадоволен. Сакам повеќе нм и кс ама ова е далеку од лошо. 100% сум сигурен дека има многу повеќе од декларираните 125кс, на јутуб видов еден дечко од полска на дино го стави со 98ца бензин му извади 138кс и 220нм.

 - Мислам дека наскоро ќе треба да менувам задни дискови и плочки друго се изгледа ок.

До сега единствен нерешен проблем имам со предно лево стакло не се спушта со еден клик надоле туку треба да го држиш копчето. Треба да се менува целиот модул за сите 4 стакла ама тоа во некоја наредна прилика.


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #324 на: 09 Јуни 2021, 16:40:40 pm »
Топ.

Само левото стакло ти прави така? Акумулатор имаш менувано? Дали имаш пробано на затворен џам да го задржиш копчето за затворање 5-10 секунди, да се реактивира автоматското отворање/затворање?

Или веќе имаш точно утврдено дека е дефектно нешто?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #325 на: 09 Јуни 2021, 16:46:56 pm »
И акумулаторот е оригинален.

Све е тоа пробано и на сервис пробаа така уствари и сигурни беа дека само треба задржување на копчето ама на крај излезе дека не се во право :)... мислам дека и копчето може да е физички оштетено зошто со другите стакла кога сакам автоматски да иде надоле има еден мал клик се осеќа при самиот крај кога ја активираш функцијата, додека кај возачково стакло нема таков клик и мора да држиш. За нагоре си работи ОК. Се навикнав веќе не ме ни замара толку. Проблемов го имав 3тата година уште дур ми беше под гаранција колата а незнам ни самиот зошто не рекламирав тогаш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #326 на: 22 Јули 2021, 09:59:24 am »
I'll just leave this here ;D

Tiguan diesel shocks + springs, 16" A/T гуми, шатор на кров ;D


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #327 на: 22 Јули 2021, 10:25:21 am »
Thanks, but no, thanks.

Колава сток изгледа одлично.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #328 на: 22 Јули 2021, 11:15:24 am »
Имаш фабрички Golf 7 Variant Alltrack, му фалат само А/Т гуми.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #329 на: 26 Јули 2021, 15:42:22 pm »
I'll just leave this here ;D

Tiguan diesel shocks + springs, 16" A/T гуми, шатор на кров ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Пу пу пу, скраја да е :)

иначе се вратив од родниот крај, вкупно целото возење натаму наваму и плус до грчка и охрид фати нешто ситно над 6.000км. Задоволен, без никакви проблеми. Овој пат пеколни беа температурите генерално, маста му ја извадив на моторчето на отворено, сега овде на ладново почна да дише по малце :).