Дали го прочита текстот? Зборува претежно за камиони, зголемување на интервали од 25.000км на 50.000км, некакви си мотори од 1970 што не им менувале масло 200.000 милји и нашле запечување на кариките. Абе ајде озбилно после 300.000км без промена на масло нашле проблем со карики?
extended drain како термин генерално се користи во америчкиот пазар, едноставно ситуацијата во Европа е многу различна.
Интервалите на автомобилите во Европа генерално се движат од 20.000 до 30.000км и така е со години. Последниве години постигнат е огромен напредок во квалитетот на маслата. Навистина бесцелна е дискусијава со интервал за промена на масло, кога во најголемиот пазар - Германија сите прават промена на масло како што пропишал производителот и машините тераат без мака, а не како петко и станко им текнало во локалната гаража или некој русин на форум правејќи хоум маде тестови.
На крај краева, знам еден куп луѓе во фамилија и пријатели што прават промена на 20-30.000км со години на нивните автомобили и нема апсолутно никакви проблеми.