Автор Тема: Издувување на мотор при високи вртежи (или италијански тунинг)  (Прочитано 56422 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Го осеќам јас, прави резонанса ауспухот. Ме нервира тро. ;D

Иначе Зафирата знаеше да звучи како да трокира, работеше немирно.

Кај BMW-то нема разлика во работата.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Кај присилна регенерација во место може да дојде и до пожар на самото возило заради превисока температура на издувот. ДПФ-от може да се вжари целиот и да направи беља заради недостатокот на воздух за ладење.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
2700-800 рпм, и пичи си. Ако му треба, моторот сам ќе си пушти регенерација, без да те обавести :)

Пред некое време малце ја здивев, возев преку 140 солиден дел од патот (155 км)... Можно е тогаш да си направил регенерација на дпф? Ништо не ми покажа на дисплеј, а моменталната потрошња не беше репер односно, на тие брзини, не знам дали ми зголемила и колку, пошо не знам колку би била во нормални услови.

@velestrumf

Истата Инсигнија на близок мој пријател покажа низ град да не се гаси колата пошто прави регенерација меѓутоа мораше да се паркира возилото. После неколку часа излеговме на обиколница со нормална вожња до макс 2,400рпм едно 45 минути и од тогаш му се нема појавено.

Мислам и сигурен сум дека ако ја возиш на отворено неприметливо се регенерира, меѓутоа ако ја давиш градска 2-3 месеци знае да покаже регенерација т.е. не ја гаси колата и продолжи да возиш наредни 30+мин.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1351
Немам дпф, само се курчев пред јака типка со ауди со бугарски таблици, возев 90 у трета на 5000 и кусур вртежи, после убацив четврта па ми текна дека често стои полиција кај смојмирово и намалив. ;D ;D ;D Јас се издував за колата не знам.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Кај присилна регенерација во место може да дојде и до пожар на самото возило заради превисока температура на издувот. ДПФ-от може да се вжари целиот и да направи беља заради недостатокот на воздух за ладење.

Значи поради дпф- ов може да дојде и до смрт. Ако го немаш- од рак на бели дробови, ако го имаш- од пожар ;D

И вака и така ќе умреме, затоа гасете дпф- от и гас. Пуна ;D

Молам да не се разочаруваат на мојов пост оние кои се надеваа дека ги чека вечен живот.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
А да не збориме во научни текстови дека има муабети дека при самата регенерација гасот кој се испушта има состав како некој боен отров(не ми текнува кој) но секако во ултра мали концентрации...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Витамин Ц.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
@igooor07 , кога во сервис се прави форсирана регенерација на дпф, обртаите преку компјутер се држат на 3500 вртежи едно 10-тина минути, притоа во системот се додава екстра гориво, за да согори она што е задржано во дпф-от. Ако сакаш на отворено да симулираш нешто слично, треба барем да држиш 3.5к обртаи (екстра гориво не можеш да турнеш у системот).  При оваа процедура, температурата на моторот достигнува околу 94-5 степени, а температурата во издувниот систем преминува 200 степени на излез од ауспух!
Затоа викам дека без 3.500, ништо не праиме :)

Кај бензинци, само ќе го повикам @bramovsk  да објасни што се деси кога го „тјунираше“ тогашниот Citroen ZX 1.8, кој го купи од мој колега кој толку споро вози, што на автопат не крева над 110, а првите оригинални плочки за кочници на цитроенот беа сменети после 140-тина илјади километри.
За време на „италијанскиот  тјунинг“ имаше спарклинг шоу на аутопут :D

што се случи по спарклинг шоуто на аутопут? :) тоа ме интересира

После уградив плин :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Во саботата правевме италијански по обиколница, возено многу кратко, од Стопански Двор до Орман исклучувањето, счади целата.
Во неделата ја однесов на мајстор, да видиме дали нешто останало од моторот.

Облак бел чад цело време, уљето го снема скоро цело, вода не се изгуби. Мајсторот ќе го отвора моторот да види дали се прави или нов.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1782
Sto kola? Imase nekoi znaci na produvan motor?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Sto kola? Imase nekoi znaci na produvan motor?
па ете ти ги знаците, бел чад и маслото отишло.... што повеќе сакаш

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Daewoo Nubira 1.6.

На бензин почна немирно да работи, па ајде викам да ја стиснам на бензин по обиколница. Претходно немаше знаци никакви. После тоа имаше :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Moze ima nekoj ventil otideno ako e do nego ne e strasno vo sekoj slucaj trgni si minimum 100ce ama sve se pravi taka da nemu se sekiraj.
I jas Nubirata koga ja imav skopje-patarina petrovec ja brkav kolku idese da ja produvam a nisto ne i bese vikam cisto da se izduva. Zastanav na patarina da platam koga u ler kako na 3 klipa rabotese. Se pribrav doma otvorivme motor imase dali 1 ili 2 ventila samo po ivicite potkinati ama jbg novi ventili, dihtunzi, rabotna raka.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Уште еднаш се покажа полезонста на италијанскиот тјунинг. Наместо дефектот да те изненади некаде на 500км од дома, сам си го предизвикуваш во контролирани услови :P

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Баш така, сеуште се верува во мит наречен „како сакаш, само иживувај се на колата наместо да одиш на мајстор“.... и уште доооолго ќе те служи. Ќе се подмлади ами.