Автор Тема: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition  (Прочитано 10944 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« на: 24 Декември 2016, 18:26:00 pm »
Неколку пати веќе имаме зборувано на оваа тема, ама зошто да не дискутираме малку пак?

Еве ги предлозите:

- Honda Civic Type R
- Seat Leon Cupra 300
- Volkswagen Golf GTI
- Volkswagen Golf R
- Ford Focus ST
- Ford Focus RS
- Peugeot 308 GTi
- BMW M135i
- Skoda Octavia RS
- Audi S3
- Audi RS3
- Mercedes-AMG A45
- Alfa Romeo Giulietta QV
- Kia Cee'd GT

Уште нема нов Megane RS. Чекаме. Мислам дека не заборавив ни еден модел.

--

Edit:

За мене, хот хеч би требало да има пет врати, ради секојдневна практичност. Octavia RS мути памет пошто е нај-sensible избор и најлесно се оправдува пред сопруга/семејство.

Стварно ми е тешко да изберам. Ме влече Golf GTI многу, ама па Leon Cupra изгледа одлично. Сите се уствари одлични. Цивикот не би го избрал пошто е премногу хардкор и премногу „бучен“, BMW-то би го заобиколил пошто ми е неопростиво неубаво, ама другиве..
« Последно менување: 24 Декември 2016, 20:32:58 pm zeroSignal »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #1 на: 24 Декември 2016, 18:37:40 pm »
Дали С3/РС3 е седан? Тогаш тоа веројатно. Па хечот. Јас би и А45 ако е нормална верзија без спојлери. Па после тоа Голф Р. Грубо.

Тука цивикот ако ги има Меџик Ситс. Кои би го направиле ултимејт хот хеч. Е сеа стариов Р или има нов?

Бмв то тука некаде би било со
Купра, Џулиета, Октавија.

Фокусот ми е многу компромисен и не би ми вршел доволно работа за хот хеч.

Без цена.

Сосе цена ако се гледа само Октавија останува како единствен избор.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #2 на: 24 Декември 2016, 18:38:44 pm »
Процедурално - Giulietta QV е сега Giulietta Veloce.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #3 на: 24 Декември 2016, 19:02:05 pm »
Дали С3/РС3 е седан? Тогаш тоа веројатно. Па хечот. Јас би и А45 ако е нормална верзија без спојлери. Па после тоа Голф Р. Грубо.

Тука цивикот ако ги има Меџик Ситс. Кои би го направиле ултимејт хот хеч. Е сеа стариов Р или има нов?

Бмв то тука некаде би било со
Купра, Џулиета, Октавија.

Фокусот ми е многу компромисен и не би ми вршел доволно работа за хот хеч.

Без цена.

Сосе цена ако се гледа само Октавија останува како единствен избор.


Да, S3 и RS3 може да се добијат и како седан. Има опција и CLA AMG да се добие.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #4 на: 24 Декември 2016, 19:14:13 pm »
И Astra OPC уште нема.

Ја би за Leon Cupra или Peugeot 308 GTI.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #5 на: 24 Декември 2016, 19:21:33 pm »
Ја би Ford Focus RS у плава боја молим вас :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #6 на: 24 Декември 2016, 20:10:06 pm »
Ford Focus RS
Alfa Romeo Giulietta QV

Ствааарно не знам.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #7 на: 24 Декември 2016, 20:12:26 pm »
Еве ги предлозите:

- Honda Civic Type R
- Seat Leon Cupra 300
- Volkswagen Golf GTI
- Volkswagen Golf R
- Ford Focus ST
- Ford Focus RS
- Peugeot 308 GTi
- BMW M135i
- Skoda Octavia RS
- Audi S3
- Audi RS3
- Mercedes-AMG A45
- Alfa Romeo Giulietta QV

Се знае зашто се купува HOT hatch. За да биде возбудлив И впечатлив за гледање (не мора да е убав и привлечен), со компромиси во удобноста, ама да биде ракета на правци и спортско возило на кривини. Затоа, пречкртаните (за мене субјективно) отпаѓаат од следните причини:

- Голфовите се meh невиден, јали ГТД јали ГТИ јали ГОЉФ Р, све исто е, треба да се загледаш за да ти текне.
- Фокус СТ е мек дизајнерски, не е премногу различен од убаво опремен обичен Фокус.
- Пежото ни кога излезе не ми се допаѓаше, ни сега не ми се допаѓа.
- Аудито... кога има РС, С верзијата не треба ни да се погледне.
- Ова е единствениот дискутабилен избор за мене, Џулиетата. Престара е да меша прсти во ова друштво. Сите се префрлија на AWD и околу 300 коњи, Џулиетата нема платформа која може да поднесе толку сила и таков погон, така да време и е за пензија.

Колите што не се пречкртани се вистинската епитомија на ХОТ хеч. Компромисни возила (дали во изглед или удобност) но брзи и управливи - прави drivers cars. За тие што сакаат удобности, простор во кабина, мала потрошувачка, (по)питом изглед... Имате дизели или малолитражни турбобензинци од истиве коли.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #8 на: 24 Декември 2016, 20:22:13 pm »
Да имаше М1, тоа би го избрал. Вака не сум сигурен дали БМВ, дали RS3.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #9 на: 24 Декември 2016, 20:24:19 pm »
Фали како и секогаш Ceed GT.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #10 на: 24 Декември 2016, 20:33:23 pm »
Не ми ни текна на Cee'd GT, додадено во листата.

Ама па со само 200 коња и underwhelming (споредено со другиве) перформанси, не е дорасната.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #11 на: 24 Декември 2016, 20:34:37 pm »

Се знае зашто се купува HOT hatch. За да биде возбудлив И впечатлив за гледање (не мора да е убав и привлечен), со компромиси во удобноста, ама да биде ракета на правци и спортско возило на кривини. Затоа, пречкртаните (за мене субјективно) отпаѓаат од следните причини:

- Голфовите се meh невиден, јали ГТД јали ГТИ јали ГОЉФ Р, све исто е, треба да се загледаш за да ти текне.

А ако е дреч зелен да пршти, да упаѓа у очи од километар ? :D Ќе ти се свиѓа ли голфот ?

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #12 на: 24 Декември 2016, 20:40:57 pm »
Не ми ни текна на Cee'd GT, додадено во листата.

Ама па со само 200 коња и underwhelming (споредено со другиве) перформанси, не е дорасната.

Сум приметил секогаш е заборавен...

Слабо машинче, за почетник таман кога ќе смее над 100кс да вози, и да не е висок 194см три прста има до таванот и наслонот за глава е незгоден за високи, хечбекот треба да е покомфорен.

Дизајнот е одличен, љуто изгледа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #13 на: 24 Декември 2016, 20:41:07 pm »
Question: Subaru mk4 WRX STI?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Кој нов хот хеч би го одбрале - 2016 Edition
« Одговори #14 на: 24 Декември 2016, 20:44:09 pm »
M140i
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"