Еве ги предлозите:
- Honda Civic Type R
- Seat Leon Cupra 300
- Volkswagen Golf GTI
- Volkswagen Golf R
- Ford Focus ST
- Ford Focus RS
- Peugeot 308 GTi
- BMW M135i
- Skoda Octavia RS
- Audi S3
- Audi RS3
- Mercedes-AMG A45
- Alfa Romeo Giulietta QV
Се знае зашто се купува
HOT hatch. За да биде возбудлив И впечатлив за гледање (не мора да е убав и привлечен), со компромиси во удобноста, ама да биде ракета на правци и спортско возило на кривини. Затоа, пречкртаните (за мене субјективно) отпаѓаат од следните причини:
- Голфовите се meh невиден, јали ГТД јали ГТИ јали ГОЉФ Р, све исто е, треба да се загледаш за да ти текне.
- Фокус СТ е мек дизајнерски, не е премногу различен од убаво опремен обичен Фокус.
- Пежото ни кога излезе не ми се допаѓаше, ни сега не ми се допаѓа.
- Аудито... кога има РС, С верзијата не треба ни да се погледне.
- Ова е единствениот дискутабилен избор за мене, Џулиетата. Престара е да меша прсти во ова друштво. Сите се префрлија на AWD и околу 300 коњи, Џулиетата нема платформа која може да поднесе толку сила и таков погон, така да време и е за пензија.
Колите што не се пречкртани се вистинската епитомија на ХОТ хеч. Компромисни возила (дали во изглед или удобност) но брзи и управливи - прави drivers cars. За тие што сакаат удобности, простор во кабина, мала потрошувачка, (по)питом изглед... Имате дизели или малолитражни турбобензинци од истиве коли.