Си го следам форумов постоjано како гостин но сум приморан да напишам на темава зошто луѓе си пишуваат премногу рекла казала
. Мој совет е прочитај си упатството за колата и дали ова е нормална појава на кондензација. Најпрост пример, бидејќи имам ново возило и мене ми се појави после перење ваква кондензација зимово. Почнав да паничам и си реков дај да прочитам во книгата што пишува пред да одам во сервис. Многу убаво пишува (барем за VW) ти кажувам дека кондензирање е нормална појава после перење доколку исчезне во рок од 10-15 минути ми се чини. Но ако кондензацијата остане или наместо кондензација има мали видливи капки вода тогаш веднаш под гаранција треба да ти го сменат фарот.
Мислиш дека некој го чита упатството? Зошто мене ми се зачудија кога им отидов во салон и им посочив 5 печатни грешки, од кои едната беше катастрофална?
Кај нас е прво да се искараш, па после да земеш да прочиташ за да видиш каде и дали си згрешил. И на крај да речеш, па да ете така требало, ама не треба

значи сите коли при транспорт може да се оштетат и сите ако се оштетат ги средуваат и продаваат нормално како нови. Тоа е. дали и во други држави е така незнам, најверојатно така е.
Точно, колите при транспорт можат да се оштетат. Но не сум сретнал до сега ниеден салон оштетена кола при транспорт да ја поправи на своја рака, и да ја продаде како нова.
Знаеш ли колку чини едно такво дело? Кривично?
Колите при транспорт се каско осигурани на фул сума.
Секое оштетување, доколку го има, се пријавува на производителот, на транспортната компанија и на осигурувањето.
Секоја фирма има право доколку се возилата малку оштетени да ги продава по пониска цена, во зависност нели од оштетувањето.
Купувачот е известен и свесно си подпишува изјава каде што се сменети дел од гарантните услови.
Може да ја купи така оштетена, или пак фирмата продавач да му ја поправи во овластен сервис и да му ја продаде како таква, односно оштетена и поправена.
Не се толку мутави они за да ти продадат оштетено возило, за да имаш основ како да ги тужиш и да им изнудиш пари.