Правевме роуд трип до Скопје, преку Љубљана. Колава е измислена за џвакање километри. Комотна, разумно тивка (до кај 150 км/ч), брза кога треба, економична ако го сакаш тоа од нејзе. Темпоматот е благодет, особено за голем број километри со ограничена брзина во кратко време. До сега ми се свиѓаше, сега почнувам да ја засакувам
Поминати 4348 км, од кои 178 низ Скопје, околу 20ина низ Љубљана. Возено поприлично брзо низ Германија (каде што дозволуваа условите) и според ограничувања во другите држави, и на одење и на враќање. Ненормална магла во околината на Инголштад, кога стигнавме во Скопје, и после на враќање низ Баварија, до после Минхен. Одевме и се враќавме со полн (не преполн) багажник. Потрошени 252.79 литри гориво, мерени на истата бензинска од каде што тргнавме.
Точени горива на: Westfalen во Германија, Petrol во Словенија и Lukoil во Македонија. Имам само пофални зборови за дизелот на Лукоил, одлично си издржа, а очекував помалку да поминам со него.
Просек -
5.81 л/100 км. Може да се симне троа под тоа, ако има чоек нерви и време, односно да ја вози Германија според прописите од другите земји
Кога стигнавме во Љубљана. Уште не беше ни на последната цртичка, а камо ли резерва да упали.
Индикаторот е до стрелката за пола резервар. На враќање имав поминато 640 км со пола резервар, ама не успеав да сликнам.
#РеалнаКилометража