100 евра е технички на секои две години. Чат пат има акции и може технички да начекаш за 70тина евра.
Осигурувањето ти го пресметуваат на основа на твојот возачки профил. Колку години имаш возачка, дали имаш казни, казнени поени, дали си бил крив во сообраќајка, колку километри возиш на година, каде ти стои колата, дали ја користиш само за приватни цели или и службено, каде и што работиш, кој ќе ја вози (дали сам или и со сопругата), дали имаш деца, дали имаш живеалиште, како си ја купил колата, итн.
И секоја осигурителна куќа си има различни тарифи, дали сакаш личен контакт со агенцијата, да имаат соработник кој ќе ти помага, или сам ќе си завршиш работа...
Тоа е накратко. Инаку нема класична регистрација како кај нас. Осигурувањето автоматски ти се продолжува секоја година, попустот ти иде исто автоматски (ако немаш сообраќајка направено), само на секои две години ја носиш на технички и тоа е тоа.