Па затоа дека се различни, бензинец на плин и дизел, што е според тебе подобро, онака се различни класи не може да се прави споредба.
Извини за задоцнетиот одговор на твоето барање, ама имав некои обврски.
Вака сеа, колите се толку различни, од толку многу аспекти, што било која директна споредба е делење со нула т.е. нема смисла, ама ај ќе пробам некаква паралела да направам.
Моторот на Лансерот е одличен за во тоа возило и феноменално се носи со габаритот на возилото. Да, понекогаш му фали малку повеќе сила, ама е даааалеку далеку од импотентен или неискористлив. Ставањето на плин значеше многу повеќе возење на колата, од очигледни причини. Додека тестиравме со Плимонт на обиколница, при брзина од околу 140 км/ч, не се осеќаше промената помеѓу плин и бензин (Сале менуваше на лице место, преку лаптоп). На бензин, еднаш имам дигнато 200 по брзиномер, а на плин еднаш околу 180. Секогаш кога имаше потреба од поагресивно возење, или возење со високи вртежи, префрлав на бензин, поради препораките од Плимонт и осетливоста на моторот на високата температура при согорување на плин. За да се искористи комплетниот потенцијал на моторот, без разлика дали се бараат нагласени перформанси или економичност, треба возачот да има малку повеќе знаење и осет за вожња. Одличен мотор, како и да е.
Моторот во Инсигнијата е комон рејл дизел со прифатлива моќност. Силата ја испорачува рамномерно што не е ништо чудно за комон рејл. За разлика од повеќето дизели, на овој црвеното поле му почнува од 5000 вртежи (на повеќето што ги знам почнува од 4500). Според досегашното искуство, можам да кажам дека се работи за доста рафиниран и култивиран мотор, кој има способност да биде исклучително економичен дури и кога човек не пази на тоа. Ова дополнително фасцинира кога ќе се земе предвид дека Инсигнијата е прилично тешко возило. Ме радува што е Еуро 5. Друго не знам што да кажам за моторот, сега за сега.
Мењачот во Лансерот мене лично ми лежеше на срце. Краток од, прецизен, зглобен, со некое механичко „уверување“ дека е избрана брзина... Како да ставаш куршуми во шаржер. Фино дотерани односи, мада мене лично ми фалеше 6-та брзина. Чат-пат рикверцот знаеше да подзапне, па ќе туриш у прва, па у рикверц, и тоа е тоа.
Мењачот во Инсигнијата е одличен. Таман погодени односи, одлично си соработува со моторот, убава ергономска форма, краток од, доволен фидбек да знаеш дека си убацил у брзина, а не дека мафташ трска у муљ. Ми се свиѓа што рикверцот е со дугме, а не со прстен или до притисок надолу.
Ергономијата кај двете возила е на високо ниво. Сите команди се таму каде што би очекувал да ги најде човек. Првично ми беше нелогична поставеноста на контролите за темпоматот кај Инсигнијата, ама во некој претходен пост објаснив зошто сега веќе тоа не е случај. Безвезно е кај Инсигнијата што од двете ротациони дугмиња на средишната конзола, гласноќата на аудио системот се регулира со помалото, а не со поголемото како што наведуваат логиката и интуицијата. Не знам дали спаѓа тука или во комфор, ама уопште не ми се свиѓа рефлексијата на шофершајбна на инструментите и на централниот дисплеј при ноќно возење. Катастрофално лошо и голем минус.
Комфор и комоција нема да споредувам, пошто е апсурдно. Само еве ќе кажам дека кабината на Лансерот има одлична понуда на простор како за својата класа. Истото можам да го кажам за Инсигнијата.
Мене лично, повеќе ми се свиѓаат возните карактеристики и дотераноста на подвозјето на Лансерот, отколку на Инсигнијата.
@A4-B8: Тоа би било тоа што ми текнува у моментов, и се надевам дека барем малку одговорив на твоето барање и на тоа што сакаше да дознаеш. Ако те интересира нешто дополнително, слободно прашај.