Бев денеска во Опел. Ми рекоа дека не можел да се програмира клучот, пошто не следела таа функционалност во тоа ниво на опрема (жими таквото, си нарачав Опком, ќе си го средам сам).
Задните паркинг сензори имаат проблем кој денеска ми го потврдија дека постои. Тоа што ме иритира е што ми кажуваат цена колку би чинеле да се сменат, мада чекам да ми се јават да ми кажат официјален став. Не гледам како и зашто да треба да плаќам за нови сензори, особено пошто колата е земена пред 2 месеци, од кои 1 месец седеше на паркинг пошо немав дозвола да ја возам. Се надевам нема да ја отераат у непосакувана насока работава, пошо на нос ќе им ја извадам.