Епа дечки, да го претставам најновиот член на нашето семејство:
Колата е купена од овластен продавач на Опел во нашево гратче, инаку претходно била продадена на фирма, веројатно на некој агент или директор пошо има солидна километража поминато, иако првата регистрација е на 15.03.2013. Под хауба има 2.0 ЦДТи мотор со 131 КС. На 150 000 км биле сменети ребрастиот, компресорот за клима, предните и задните плочки и блоу-оф вентилот на турбината. Сите сервиси се направени во овластен сервис, со оригинални делови, за кои има евиденција, потврди итн итн.
Опрема... Малку чуден пакет на опрема има, веројатно по избор на претходниот сопственик. На пример, има ненормални седишта со греење, а нема аутоматска клима, и задните прозори се со рачка, не на дугме. Да бидам искрен, ни за едното, ни за другото не ми е гајле, додека седиштата злато вредат. Круз контрол, сензори вакви, онакви, све на куп, све тоа си има. Нема навигација, ама па воопшто не ми е пресуден фактор навигацијата, пошо за 120ина евра има нови Гармин, ТомТом или што год и да посака човек. Башка сеа за сеа, старото Гарминче шо го пазарив за 1500 денара, и тек како си врши работа.
Во цената за која што ја пазаривме, ни вклучија технички преглед, сервис и дијагностика, зимски тркала (летните се оставени кај нив на чување), регистрација и еко-лепенка.
Ете ко за роденден на Карклуб, ние се почастивме кола