Се согласувам со карпатиан. Во последните година дена, 1000 евра како ништо отидоа на колата што ја земав лани во октомври.
- Голем сервис (каиши, маслло, филтри, антифриз, масло менувач, водна пумпа) - 400 евра, поквалитетни делови, антифриз и масло за менувач ОЕМ
- Од нигде никаде скината сајла на џам од возачка страна, мора промена цел механизам, афтермаркет ми бараа 130 евра (90 евра половен), среќа во Турција ОЕМ Хонда 106 евра (грција и бугарија 250 бараа).
- Зимски гуми + бандажи - 400 евра
- Сензор брегаста + радилица, 140 евра
За два три месеци ќе треба да менувам плочки.
Колку сакаш носи го на проверка по сервиси, никој нема да ти ги отвара вратите и да ги проверува механизмите за стакла, или доколку на дијагностика во тој момент нема проблеми, не значи дека после 3 месеци нема да ти откаже некој сензор. Ако имаш среќа, може и ништо да не откаже 2-3 години.
Edit: Тука има и башка дополнителни трошоци ако сте мераклија за навлаки, квалитетни брисачи, сијалички итн.