Јас купив количе пред 1 месец, му направив голем и мал сервис 250 евра и уште 50 евра за плочки и држач еден и тоа е.
Колата има 4 нови гуми ...е сега јас што сакав и 4 зимски то е друго.
Значи најди кола што е прописно одржувана и чувана и ќе немаш гајле освем еден сервис, какви 2000 евра скраја да е од такви коли.
Неможеш таква споредба да правиш затоа што за секоја кола деловите немаат иста цена. Еве ја фелиција возам, од кога ми е купена, имам сменето амортизери 4, сосе монтажа рамно 8000 денари. За мерцедес пример еден амортизер е 100 евра, камоли 4 да ги смениш наеднаш.
Ме зезаше деновиве нешто пали, гаси, трокира, отидов сменив разводна капа и палец, 500 денари.
Дискови предни АТЕ во мега ауто партс ми се 2000 денари, додека за некоја друга кола од поново годиште и поголема класа гарант накај 100-тина евра, можеби и повеке.
Дихтунг на глава е манлија кај фелицијата, ама дихтунгот за фелиција е 500 денари, порамнување глава и менување антифриз, комплет трошок 2500-3000 денари нека биде.
Деловите за ремонт за моторот би коштале околу 10 000 денари (карики, лагери, дихтунзи, семеризни, гумици на вентили), само без да се сменат клипови и хилзни. За споредба, другарче пред некое време зема кола, има отидено една дизна, за репарација 150 евра, нова 400 евра.
Фелицијата ми е на ланче, релативно не тера многу, докај 50 000 максимум, ама пак ланче ми е 1000 денари. Ребраст каиш за било која кола е од 100 евра па нагоре.
И така натаму.
Ете тоа се тие цени што ги кажуваат погоре, 1000-2000 евра за недај боже.
Затоа се купува кола спрема чергата, нема да ја прекорачиш, ама и нема до крајот на чергата да ги пушташ нозете, ке си оставиш малку простор и малку поназад ке ги повлечеш нозете.