Само да ти кажам, 90% од возилата кај нас се со вратена километража (зборам за увезените).
Не е секогаш тоа најбитниот момент. Гледај други работи. Стави ја на компјутер ОБАВЕЗНО. Многу работи не можеш да ги видиш чисто преку работа на мотор или што ти јас знам.
И да е реална километражата на компјутер и тоа не е меродавно. За 150 евра добар дел од возилата ги враќаат, фабрика да не може да ги препознае дека се вратени. Се испраксираа. Одлемуваат чипови, репорграмираат и што ти не.
Исто не се летај со сервисни книшки. За мене тоа е тоалетна хартија. Намерно ти ја покажуваат да те залажат. Најчесто се фалсификати.
Значи сума сумарум. Добар преглед на возило, по можност на канал. Тргни ги сите пластики одоздола. Види го моторот одоздола, подвозје, полуосовини, шасија (види ги носачите на моторот дали се преварувани).
Општа проверка на возилото, гледај дали панелите добро се совпаѓаат особено возачка/совозачка со предно крило.