Ме замоли братучед ми да проверам една Вектра на плацов, и само ми се зацементира мислењето дека кола од плац НЕ СЕ ЗЕМА. Претапацирани волан, менувач, нови гумици на педали, шлакана фарба да се затскријат дефекти на каросерија... Покрај Вектрата си реков да проверам и уште едно возило што оди како алва во државава, Е Класа W211 верзија. Тотално истите работи и кај Мерцедесот.
Општ впечаток е дека овие возила се извозени, си ги поминале своите километри. Ако треба да добијат нов сопственик, цената треба да им е далеку под пазарната.
П.С. Стара кола што стои - пропаѓа.