Мене ме влече Инсигнијата, првенствено ради ненормално добрите седишта (што се изузетно битни нели, особено ако се земе предвид дека би сакале да шетаме на долги релации), а понатаму поради помоќниот мотор, ем башка визуелно поише ми праи мерак.
Не знам дали е истиот мотор како тој со 160 кс, мада мислам дека е. На Декра доста добро котира Инсигнијата, подобро од Мондеото, па и тоа го земам предвид. Багажниот простор е за 14 литри поголем на Мондеото. И едната и другата кола имаат кровни шини, а мислам ниедна дека нема кука.
Мислам дека Мондеото би имало подобра вожња, пошто ипак е Форд, ама колку што се сеќавам (рака на срце одамна ја возев Инсигнијата), далеку од тоа дека Опелот е лош за возење.
Секако дека се работи за каравани
