Испадна еден интересен девелопмент, па ме интересираат мислења...
Имено, со дополнително финансирање, имаме шанса да земеме
или
Ford Mondeo 1.6 TDCI 116HP, MY2011 (фејслифтано) и 103000 поминато, на кое му бараат 12000 евра
или
Opel Insignia 2.0 CDTI 130HP, MY2013 (чинам последна серија пред фејслифт) и 173000 поминато, на која и' бараат 8490 евра.
И едното, и другото возило се одлично сочувани, компаниски коли (не за рент-а-кар), одржувани во овластени сервиси со гаранција.
Мондеото е сребрена боја, делува доста посвежо однадвор и има за око поубав ентериер, додека Инсигнијата е плава, има феноменални седишта и е 4000 поевтина. Во цената на Инсигнијата ми вклучуваат и сервис, TÜV, регистрација и ако се исценкам, веројатно и зимски гуми.
Шо би се рекло „е ај сеа“?