Ги извозив часевите и положив тестови, ми остана уште полигон и градска да извозам, се надевам следната недела ќе земам возачка дозвола. Веќе имам возило од стариот што ќе се вози некое време додека не се земе нешто друго. Е сега вака јас сум нов, ама и не пресен шофер.. Возам од помал, последниве 2-3 години може да се рече активно. Пусти мерак за кола, па мораше да ми се потпишат моиве да полагам оти не биваше веќе да се вози на ризик.. Затоа и полагав на 16 години, арно ама сите заебанции со документации и процедури ги терав околу 5 месеци и еве сега веќе при крајот ми е веќе смачено и едвај чекам да земам возачка.. Да не го тупам со ова, сакам да земеме возило што ќе биде заедничко со моите.. Е сега тука ме кочи една работа, јас секако како детиште од 16 години сакам нешто поспортско, а моите секојдневна фамилијарна кола.. Поради тоа ќе се бара нешто измеѓу... Разгледував и нешто што ми остави поубав впечаток беше Alfa Romeo 147 Facelift моделот.
Ми се свиѓа колата во целост, големината е погодена, а и моторите се снажни како што гледам. Дали некој го има овој модел од алфа ( заинтересиран сум за 1.6 Бензинец) и какви пофалби/поплаки има околу нив? Знам дека алфите страдаат на предница и тоа е се што знам за Alfa..
Предложете ми други возила од овој ранг од типот Seat, VW, Audi, и тн... ПС: Возилото да има 4 врати.
Ако имате вие за продавање уште поубаво дајте предлог