Не збореше Симо за оптоварувањата како број на вртежи, туку на отпорите кои ги совладува моторот при забрзување.
Да речеме дека се исти моторите на твојата кола и на пример на Kawasaki ZX14,
кај тебе треба да придвижи маса од 1000+ kg, додека кај моторциклот маса од 300 kg.
Инаку дај боже да е добро и долго да си го користиш маслото.
Отпорите кои влијаат на маслото се наоѓаат и произлегуваат исклучиво од моторот. Нема апсолутно никаква врска колку тежи автомобилот и кои се оптеретувањата врз него. Трансмисијата е таа која, заедно со спојката,диференцијалот и движечите елементи кои имаат врска со тркалата , ги совладува напоните и силите(за кои зборувате, при забрзување) кои произлегуваат од оптеретувањето на возилото во форма на поголема маса. Поголеми отпори од поголемо оптеретување на автомобилот кај моторот се одразуваат исклучиво врз бројот на вртежи и времетрањето на кое моторот ќе работи на одреден број вртежи. Ако имаш поголемо оптеретување во вид на додадена маса или наклон на патот, тогаш моторот работи побрзо, што не подразбира зголемени зголемени сили внатре во моторот во однос на тие кои би ги имал истиот мотор во лер при ист број вртежи. Штом започне да забавува, тоа значи дека вртежниот момент при даден број вртежи е недоволен,дека енергијата која ја создава моторот е помала од потребната(внатрешни и надворешни потрошувачи), но незначи дека моторот неможи да го совлада тој отпор со понизок пренос и повеќе вртежи. Внатрешни оптеретувања се триењето на тркалачките лежишта, пумпите и излезниот вртежен момент. Излезниот вртежен момент кон трансмисијата е фиксен, додека трансмисијата регулира како ќе се распредели енергијата, дали да се постигне поголема брзина или да се сработи повеќе работа при помала брзина на возилото.
Резиме, моторот не се оптеретува повеќе со +700кг поради дополнителната маса, туку поради потребата да работи на повисок број вртежи подолго време. Значи внатре во моторот нема физички оптеретувања поинакви од зголеменото триење на деловите кое произлегува од зголемениот број вртежи. Во превод, не е директно поврзан со масата, туку со режимот на работа. Или - дури и без тие +700кг, ако работи во место , за да се оптерети исто, ќе треба да работи исто време на истиот број вртежи. Моторот создава енергија која се троши од внатрешните и надворешните потрошувачи. Надворешните потрошовачи, како што е масата на возилото, не допринесуваат за зголемени напони во моторот, туку за работа при зголемен број вртежи. Вас поентата ви беше да кажете дека масата влијае врз напоните во моторот, а тоа би го диктирало изборот на масло. Заклучок - масата влијае само на бројот на вртежи на моторот и не го оптеретува моторот на никаков друг начин освен со потреба од повисок број на вртежи, што и ми беше поентата.
Практичен пример е забрзување до 100км/ч на автомобил со маса 300кг и со 1000кг. Со иста моќност, ист вртежен момент, ист мотор, буквално. Едниот ќе забрза побрзо од другиот, а со тоа ќе сработи помалку работа, бидејќи
A1=(m1*V^2)/2,
A2=(m2*V^2)/2
Моторот на автомобилот со поголема ќе сработи повеќе работа, изразено во времето на забрзувањето. Времетраењето на работа на моторот ќе биде подолго за да се сработи исто работа, но тоа нема да ги зголеми напоните врз ниту еден дел во моторот, туку само ќе придонесе истиот да работи подолго време. Подолго време, повеќе триење(во случајов - лебдење на деловите, затоа се става маслото, не смее да има контакт меѓу нив). Единствени отпори кои совладува се поврзани со времето, не со масата на возилото. И истите не се воопшто поголеми од седење во место и туражирање на моторот идентично како при случајот со забрзувањето до 100км/ч.
Односно - доколку моторцикл се вози при 16000 вртежи, и тоа како има потреба од поквалитетно масло од автомобилите. Мое мислење е дека маслата неможе да се користат обратно од мојот случај, т.е. масло за автомобил да се користи во моторцикл. Во мојот случај дури мислам дека подобро отколку било кое масло за автомобил.
Инаку фала, да си купиш поубаво