Автор Тема: O-ring за клима, каде да се најдат соодветни ?  (Прочитано 1700 пати)

Отсутен spamalot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
O-ring за клима, каде да се најдат соодветни ?
« на: 11 Септември 2020, 16:18:47 pm »
Здраво,

Климава почна слабо да лади, па погледнав под хауба и веднаш забележав дека истекува фреон од една од цевките што е конектирана на компресорот (таа со високиот притисок). Има масло таму и се познава дека прави мали меурчиње, 99% претпоставувам дека е само кружно прстенче за замена во прашање, но не знам каде да најдам такви да си купам и да заменам, или сервис што ги има и ке ги замени, но не бара при тоа да продадам бубгег за наплата. Се јавив во овластениот сервис ми рекоа 8500 ден за тој дефект, и ми звучи како сериозен оверкил.

Благодарам на потенцијалните одговори.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: O-ring за клима, каде да се најдат соодветни ?
« Одговори #1 на: 11 Септември 2020, 16:32:06 pm »
Прашај по сервисиве што поправаат клими на возила. И да најдеш да купиш посекако сам нема да можеш да го замениш.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: O-ring за клима, каде да се најдат соодветни ?
« Одговори #2 на: 11 Септември 2020, 16:49:49 pm »
Имаме баш со @Zile зборувано за сервис на клима.

Прашај во БоМи сервис, после Олимпико (Александар Палас), прашај во Ауто Клима Вебасто, на улицата од Плимонт, паралелно 3та Македонска Бригада во Лисиче, тие растураат компресори и сервисираат системи за клими.

Не си отворај работа, после може и ќе треба да се додаде фреон.

Отсутен spamalot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: O-ring за клима, каде да се најдат соодветни ?
« Одговори #3 на: 11 Септември 2020, 17:04:44 pm »
Ок фала ви, ке прашам во наведениве сервиси, фреон секако ке треба да се дополни ама тоа го прават во било кој сервис за 1000ка, но не ми се плакаат 8к за замена на гумичка сто стои со еден штраф, досатапна е од секаде и се мења во буквално 5 минути. Да речеа 1000 ка и за замена за гумичката ок нормално не се замарам ни да истражувам сам.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: O-ring за клима, каде да се најдат соодветни ?
« Одговори #4 на: 11 Септември 2020, 22:24:57 pm »
@dbl.dzo инаку ја средив климата, електомагнетот беше цркнат во Авто клима сервис во Козле.





Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: O-ring за клима, каде да се најдат соодветни ?
« Одговори #5 на: 11 Септември 2020, 22:35:14 pm »
@Zile Одлично, ем наполнета, ем средена електриката, за наредно лето спремна. Заборавив да те прашам, за дополнување на фреонот ти наплатија фул или за тие 300-500 грама, колку и да фалеше?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: O-ring за клима, каде да се најдат соодветни ?
« Одговори #6 на: 11 Септември 2020, 22:52:54 pm »
Не ми наплатија за дополнување во авто клима сервис иако дополниле уште 150 грама. А претходно кај Боми ми наплатија 800 денари и рекоа дека малку фалело фреон.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: O-ring за клима, каде да се најдат соодветни ?
« Одговори #7 на: 28 Септември 2020, 21:30:51 pm »
@spamalot Ако разбрав добро, бараш гумички што ги има на спојката на секое црево кај штрафот.
Такви купував од сервис за клими спроти железничка, кај пошта, еве конкретна локација

https://www.google.com/maps/place/%D0%9A%D0%9B%D0%98%D0%9C%D0%90%D0%A2%D0%A0%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%9A+%D0%9F%D0%A0%D0%9E%D0%A4%D0%95%D0%A1%D0%98%D0%9E%D0%9D%D0%90%D0%9B+%D0%94%D0%9E%D0%9E/@41.9927776,21.4442444,17z/data=!4m12!1m6!3m5!1s0x135415fc03a163dd:0x3e4cb18e11f0482f!2z0JrQm9CY0JzQkNCi0KDQntCd0JjQmiDQn9Cg0J7QpNCV0KHQmNCe0J3QkNCbINCU0J7Qng!8m2!3d41.9927776!4d21.4464331!3m4!1s0x135415fc03a163dd:0x3e4cb18e11f0482f!8m2!3d41.9927776!4d21.4464331

Во предност бев бидејќи цел систем (цевки и компресор) беше надвор од колата, па со цевките отидов таму и ми дадоа соодветни гумички, ги има во разни димензии. Цена не памтам добро ама беше некаде 100 до 150 денари од парче, без монтажа. Накнадно бев кај нив за полнење на системот.