Но на бензинска не одиш и се враќаш назад, најчесто попатно полниш и реално помалку од 15 мин. е целиот процес.
За ЕВ е најзгодно да има кај да го закачиш на своја струја. А и на јавни полначи секогаш е поскапо и ретко кога исплатливо полнењето.
На своја струја е друг муабет. Доаѓаш дома - штрак на штекер, штом почне тарифа со ниска цена автоматски старташ полнење и баш те брига. Ни се секираш колку ти е моменталната наполнетост, ни се секираш дали утре треба да одвозиш до маркет да тепаш полсаат саат дур се фаст чарџа, ниту утре дали ти останале уште 60км па ќе добијаш анксиозности дали до работа и назад ќе поминеш (и колата ќе ти изгаси клима и греење поради „резерва“ наполнетост), итн...
Многу ни се различни приликите и рутините

Кај мене ретко се случува да сум негде со колата па да застанам да полнам. Цените тука се различни од пумпа до пумпа, плус во 12ч на пладне ја качуваат цената и после може само да ја намалуваат, не смеат да качуваат.
Трошоците за гориво и струја ми се според актуелните цени:
- 1 литар 95 Е5 2.35 Еур (пред намалувањето од 17 центи)
- 1 kW на јавен AC полнач 0.45 Еур
Да имам можност дома да полнам, ќе ставам и фотоволтаици и ќе имам друга тарифа за струја, па полнење би било околу 0.2 Еур за kW, со што трошокот за струја би се преполовил.
Размислувано ми е доста, во секој случај планираме да се подновиме, спортсванот е од 2019та, и за нас најдобро би било да земеме електрично возило.
Нема да биде се идеално, тоа ми е јасно, ќе мора малце промена во навиките, ама сакам да пробам и да видам како ќе иде.