Еве ја накратко и мојата авантура
Со оглед буџетот на располагање, и според идејата за полесно влегување и излегување од кола, и бидејки прилично ми легнаа хибридите со е-цвт, бев прилично сигурен дека наредна кола ќе ми биде Корола Крос.
Меѓутоа, очигледно и после 10 години кога ги пробував тие сув-мув/кросовер или како и да се викаат, сеуште имав чувство дека седнувам да возам Тамче. (Сега една типчина ќе каже "ако тебе ти игра некаква улога, на некој не му значи").
Се преориентирав кон седанот хибрид, направив и тест возење, никаква замерка освен моментот кога понекогаш стоејќи во место ќе се запали моторот и ќе врти на повисоки вртежи за да поднаполни батерија, нешто слично како стартстоп системот кој органски не можам да го поднесам.
Кога ќе додадам дека потрошувачката на отворено речиси и не е пониска од бензинецот 1.5 (60/40 отворено/градска не повеќе од 10к годишно) одлучив дека сепак не е за мене хибрид, барем се додека постојат нехибриди.
Нареден критериум ми беше да биде чист атмосферец бидејки не можам да ги смислам проблематичните нисколитражни турбаши на стероиди...башка денес дестинациите што ги возам се автопатски поврзани така да немам потреба од не знам какви перформанси на хартија.
Изборот се сведе на i30, mazda3, и повторно Корола седан.
Во Маздата не успеав никако да се наместам зад волан, па и цената многу блиска до Королата хибрид.
i30 вожњата потврда од мојата i30, погрда однадвор, тивок мотор но нешто потромав од 1.5 во Королата, па и во седиштето нешто не можев да се наместам како што треба.
Откако извозев со 1.5 во Королата седан, вожњата многу помека, мислиш поправени патиштата, зад волан перфектно се наместив., увидов дека поубаво забрзува од i30 но истовремено и побучен поради 3 цилиндри, но сепак при нормално возење не се слуша моторот. Бонус, немало потреба од стартстоп за да ги задоволи европските бирократски норми што ептен ме израдува.
Во меѓувреме се возев во таа на еден братучед и поприлично се запознав со колата, и бидејки ми беше помалку грда од i30, падна изборот на Королата.
Фактички, бензинецот си го возам како да го возам хибридот, на отворено троши како хибридот, воедно со разликата во цена ќе возам наредни 10 години додека се изедначат севкупните трошоци.
А со разликата во пари до Тамчето ќе се шета на убави дестинации доколку не избие 3 светска.