Ајде,ајдее веќе да зброуваме за убави работи!!! 🙂
Би сакал мислења и искуства за Peugeot 2008, чист бензин, автоматик.
Цена околу 25.000 евра, мотор 1.2 бензин, 130 коњски сили, максимална брзина 198 км/ч.
Пишувајте слободно, сè е добредојдено.
Ве молам воздржете се од коментари за какви било кинески возила.
Благодарам, да сте живи и здрави.
Борбата за вистина во сите облици продолжува.
Црна или Бела?
Јас многу касно го гледам постов, инаку многу порано ке ти пишев.
Ја имам 2008-цата во ГТ изведба и многу опрема на неа.
Искрено многу ми значеа тие работи што ги имаше во ГТ пакетот, наспрема Алур пакетот.
Моторот е тој, 130 коњски сили, 1.2, и е молња. 8,нешто забрзување до 100тка, што и не ми е нешто премногу битно и важно, но е сосема солидно кога се работи за престигнување и забрзување. Возилото е многу удобно и тивко до 140 км на час, а над тоа е повторно тивко за разлика од неговите конкуренти во класата.
На задната клупа има простор дури и кога седиштето ми е наместено за моја возачка положба, 183 цм висина, а жената седи најчесто позади мене ради тоа што на другата страна е монтирано седиште за бебе. До него имам уште едно онакво бустер седиште каде што седи постарата ќерка, ставен бустерот или во средина или до врата, зависно од расположение и плус женами. Е сега во оваа конфигурација е малку тесничко, но не е ништо сериозно.
Најчесто колата се вози на отворен пат, по знаци и сигнализација +10 км/ч, генерално секогаш товарен до максимум. Просечна потрошувачка се движи во опсег од 6 до 7 литра на отворено, а кога има туле од 7 до 7,6 на отворено. Градско возење кога ја возам јас, не поминала 8,5, а женами кога ја вози е околу 10 до 11. Зависи од кондурата, дали повеќе или помалку и тежи ногата. Најчесто ради турбото и е мерак да стиска на гаста и тоа ја весели, што би рекле велешани.
Сервисот е ефтинарија. Најскапиот ме чинел околу 8000 и нешто денари, има пишано во темата. Последниот сервис беше околу 5500, не сум стигнал да го заведам.
На брзање сум и сега, ако нешто те интересира плус, слободно прашувај!