Претходниот Спортаж ми беше океј. Ама овој е стварно добар. Изгледот е контроверзен и на некои им се допаѓа, а на некои не. Ова е блиску до опцијата која јас викав да се погледне кај Хјундаи Тусон всушност. 1.7д мануел со пристојна опрема за под 20к. Оваа е второ ниво со некои незадолжителни ситници.
Работата е следна. Колава е стварно добра. Генерално гледано има малку замерки за неа во реалноста. Мене ми делува многу удобна за нерамнини и слично, што според мене и е целата поента на SUV. Оваа со 17ки е солидна, а основната е со алуминиумски 16ки тркала што ќе е уште еден степен помеко! Плус еднобојни бандажи се и овие и тие, браво. Така треба. Ваква суспензија може во СУВ. Ова личи на нешто. Меко, удобно, веќе и првото ниво на опрема има се што треба да има.
Тргнување на нагорнина, алуминиумски бандажи, 6 воздушни, задни сензори, двозонска клима, темпомат, блутут, кожен пакет, електрика на прозори назад, централен потпирач, ЛЕД Дрл светла, склопливи ретровизори, магленки. Со други зборови се што треба да има колата веќе има во прво ниво. И тоа е каталошки 20.990 со овој мотор. Што е според мене супер. Светлата се со одлични проектори со катоф предвиден за ксенон, така да лесно ќе се надгради отпосле тој детал за комплетно уживање во колата.
Моторот е стварно добро среден. На патиштата низ Водно само ставаш во 3та и уживаш. Секако викам добар за уживање, не за спортување. Влече од 1300 вртежи па нагоре сосем културно. Погодена позиција и се тоа по пропис. Избор на место е моторов за колава. Има 2wd со овој мотор, ама тоа е тоа - економија е примарна работа во денешниот свет, а потрошњата му е многу добра во град за големко возило.
Стварно вреди да се погледне. А ако визуелно не ти се допаѓа тука е Тусон кој би требало да го нуди истото само во друг визуелен пакет (паковање).
Има и негативности секако. Иако малку, но за некои луѓе се пресудни. Автопат.
На автопат колата, не е тоа-тоа. Гумите беа континентал, може да видите по сликите. Меѓутоа внатре е доста гласно на 120кмч, и тоа главен производител на звук е долниот дел на колата. Не е од ветер, не е од мотор. Моторот е слаб за автопат, и троши над 6.5. Уствари колава крева потрошња на автопат, по растеретените улици низ градот со движење беше околу 6-7 потрошувачката, а на автопат близу 7 или над тоа зависи од брзината. Тука малце мањка колата реално.
И секако тоа што само возачкиот прозор е автоматски, наместо барем двата предни, или пожелно сите 4.
П.С. Стандардниот муабет за корејците важи и тука. Се надевам дека е поцинкувана, жалосно би било да не е. Но, неможам да најдам потврда за ова освен рекла-казала.