А да пробаш некои од оние head gasket sealer, ChrisFix имаше сеа пред некој ден ставено видео за нив...
За Јагуарот? Мислам дека го гледав, не знам, може вреди да се проба, ако не е касно.
Не е средено, испадна дека низ град кога возам одреден период е океј, ама излезам на отворено губи разладна течност. Секој нареден пат се повеќе, пред месец бев за Кичево, натака и назад мислам дека 6л вода ставив.
Најдов добра-фер понуда од дечко од Сарај, само гол мотор да земам за 300€, да го монтирам и повозам, ако е добар да го терам, ако не чини да го вратам. Има опции, ама здравје на пролет...
Ѓаол ипол ќе е да смениш мотор за да пробаш. Разладната течност може да оди надвор од мотор/кола, во уље или во комора за согорување? Може си пишал веќе не барав наназад. Последново со глава отварање треба да може да се октрие полесно. Нели е поедноставно глава да отовориш и да смениш/рамниш наместо цел мотор?
Реално сите опции се ѓаол ипол, се ќе биде мачка у вреќа, а ценовно тука некаде.
Не меша масло и антифриз, дуе црева и прави црнила во експанзионата од гасови. Почна и на прво палење да чури од издув на кратко, не секогаш, претежно после возење со постисната папуча на гас кога прави поголем притисок во системот за ладење, па на следното палење чуф-чуф.
И јас мислам дека е полесно и подобро да се отвори, да се види, па да се носат одлуки после.
Веќе не мислам, кога ќе му дојде денот тогаш или ќе мислам или нека му ја мислат.
Во уље не верувам да му оди, ќе приметел сега на менување, а и толкава количина на вода да отиде во уље ќе направело хаварија до сега. Јас би рекол низ ауспух да го бараш антифризот.
Тачно.
Пасат е тоа, ни водата не му може ништо
Тој на зејтин иде, та на вода
ама скуп зејтинот.
Наместо Adblue користи чиста вода за да не ја загадува природата 😁
Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
Не се секирај Риќи, и ароматизери од лаванда у водата ставам