Автор Тема: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001  (Прочитано 88708 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #285 на: 18 Октомври 2020, 22:31:55 pm »
Пролет двеиљадидваестрета. :D

Си го пазиш ти Пасатчето, остај тоа...
23та може да биде BMW :) За пазењето, го пазам ама не му се потресувам.

Вози го ти по нивје, товарај дрва и мавај го во ролетни, после Фолцваген имал проблем... само за инает да се зборало ;D
Пред една недела у гепек со спуштени седишта ставив 8 вреќи лепак по 25кг, 6 готов малтер по 30кг.2 бали стиропор, 4 ќош лајсни и двете седишта од децава ми останаа у кола, па и нив пробував да ги распоредам.Не го сликав а беше спуштен како што сакам да биде :D

Дека секој ден го гледаш па затоа, инаку Пасатот ти е бонбона.
За годините е добар и покрај тоа што има капацитет да изгледа подобро. Али ај, за некоја наредна прилика.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #286 на: 18 Октомври 2020, 23:20:46 pm »
Потврдувам и во живо дека е многу добар и зачуван Пасатот. За (скоро) 20 годишно возило, може пример да преставува за останати возилца. Со здравје да се вози уште еден куп километри златен, одлично количе, те личи во него :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #287 на: 18 Октомври 2020, 23:24:22 pm »
Чкрпа зуби он за БеМвЕ 🙂

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #288 на: 23 Октомври 2020, 12:30:16 pm »
Завчера бев до авто делови Лума, Топанско мислам дека ќе му дојде, за да земам стоп светло и ролетна за гепек. Стоп светло земав, а за ролетна испадна дека нема, која наводно од следниот месец ќе добиеле па ќе ми кажат.
Денеска го сменив, останува само да се исполираат пошто малце ко да ми двојат.
Вчера блиска средба на паркинг со друго возило, направен е европски, па ќе видиме што ќе кажат.

Sent from DHL


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #289 на: 23 Октомври 2020, 12:50:36 pm »
Имај у предвид адвокат ако почнат да те мафтаат (а најверојатно ќе пробаат).

Sent from my Mi 9T Pro

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #290 на: 23 Октомври 2020, 13:00:45 pm »
Штетата е мала, ама ја има и искрено ни самиот незнам да проценам. Има мало прекршување на панелот на возачката врата кое пробав да го сликам ама не се познава, а се осеќа на допир или гледа под некој агол проследено со плитки гребаници. Ништо страшно ама ќе видиме што ќе кажат.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #291 на: 26 Ноември 2020, 21:01:38 pm »
Денес направен сервис, сменето масло Арал и филтри. Од последниот сервис околу 8к км поминати. Ставени зимските гуми на 15ти месецов.
Променети се и бришачи напред и назад Bosch.



Sent from DHL

« Последно менување: 26 Ноември 2020, 21:10:53 pm зоки-златен »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #292 на: 07 Април 2021, 12:50:25 pm »
Денес на 259к км променети се дискови и плочки. Дисковите и плочките како што пишав во друга тема се Феродо и истите земени од кај Прчот. Промената се направи во сервис Мирко (го зазборевте периодов), покрај промената се репарираа задна лева шепа и една предна/незнам точно која и заменети се црева на предни кочници, биле пред кинење. На задната заглавуваше рачната, на предната подуени гумици.
Старите дискови мислам дека имаат уште материјал, ама стварно изгледаат старо, додека плочките се катастрофално потрошени (даваше известување на борд, ама прекина ;D, му здосади).


ПС: рамнење дискови на кола прават и истото чини 2000мкд за напред.


Следно од механичка гледна точка ми е проверка на амортизери (чисто превентивно), проверка на летва (има луфта) и да нарачам сет квачило.

После останува само естетика.

Sent from DHL


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #293 на: 07 Април 2021, 13:12:21 pm »
Наздравје сервис. :D
Рамнење дискови 2000ден, нови дискови 3000ден, fuck logic :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #294 на: 07 Април 2021, 13:57:35 pm »
За некого има логика поготово ако има тресење.
Греота е на нови дискови да ставиш релативно стари плочки, додека на старите порамнети дискови ќе си ги вратат старите плочки (малку ќе се дотераат) колку да протуркаат уште некоја година, во зависност колку и како се вози.
Разлика во цена ќе има минимум 50 евра а парички не растат на дрво.
Не е јасно дали рамнење дискови се мисли на пар за 2.000ки? Не ми е логично да се рамни само еден диск.
.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #295 на: 07 Април 2021, 17:19:39 pm »
2000 за пар.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #296 на: 13 Мај 2021, 13:12:26 pm »
Бандажите испаднаа патешествие, конечно завршени.
Фарбав со спрејчиња на Мобихел земени од Вивант Ѓорче.
Генерално не задоволен, ама ако е за утеха-подобри се од што беа.
Чекам уште од Али налепниците за капачињата да стигнат.


Sent from DHL


Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #297 на: 13 Мај 2021, 14:47:53 pm »
Од што си незадоволен? Вака, на слики, изгледаат повеќе од солидно.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #298 на: 13 Мај 2021, 14:51:47 pm »
Оти не си прајте бе спрееви измешани впродавница со хартер,  на толку мака стружење гланцање шприцкит да ставиш спреј обичен шо со нокт ќе се изгреби,  ако не сонцето и пералните ќе го јадат за една година, малце поскап иди спрејот ама па ќе биди фабрика фарбаното и трајно кога веќе се оди на без компресор опција.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #299 на: 13 Мај 2021, 15:00:33 pm »
Од што си незадоволен? Вака, на слики, изгледаат повеќе од солидно.
Од немањето време за да се спремаат добро, а богами и живци. Има доста аматерски пропусти како познавање шмиргла, вдлабки од старата боја итн.

Оти не си прајте бе спрееви измешани впродавница со хартер,  на толку мака стружење гланцање шприцкит да ставиш спреј обичен шо со нокт ќе се изгреби,  ако не сонцето и пералните ќе го јадат за една година, малце поскап иди спрејот ама па ќе биди фабрика фарбаното и трајно кога веќе се оди на без компресор опција.

Спреевите се сите посебно, спреј филер, спреј база-боја и спреј лак. Ова сум сигурен дека нема да мрдне за дооолго време од надворешни влијанија.