Автор Тема: Estate VS MPV - Игра на простор  (Прочитано 71557 пати)

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #270 на: 31 Август 2016, 22:27:54 pm »
znaci se namali izborot na DSG MPV od VAG grupacijata. rabotite se kristaliziraat poleka...
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #271 на: 01 Септември 2016, 12:35:16 pm »
Здравје, ако некогаш стигнам во животот да ми треба MPV, сигурно нема да биде R-класа. Ќе ми биде срам да ја паркирам, не па да ја возам.

Нема да биде ни MPV, али тоа е друг муабет.

Никогаш не ви ја сфаќам фрустрацијата да возите MPV.

Караван со повишен кров. Ништо повеќе.

Истите мотори, истото подвозје,...


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #272 на: 01 Септември 2016, 12:48:59 pm »
Да бидеме искрени, не е караван со повишен кров. Едноставно, не е. Комбе е, да го нарекуваме така како што е.

Никаква фрустрација бе синко, едноставно не ги сакам. Не се поклопуваат со моето мислење за тоа што би требало да нуди една кола, и што би требало да биде.

Како практичен семеен транспортер и ако имаш повеќе од 3 деца, тогаш by all means, нека ти брка работа. Во сите други услови, не ја гледам логиката позади и потребата од MPV.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #273 на: 01 Септември 2016, 12:55:47 pm »
Можат комотно крововите на сите МПВ да ги симнат чисти 10цм. Само тоа смета реално. Нема потреба да има 15цм над главата простор на човек од 200цм.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #274 на: 01 Септември 2016, 12:59:34 pm »
Кларки на времето многу фино објасни за MPV..

Она што го кажуваш за себе кога ќе купиш MPV е „јас пораснав, направив 4 деца, мојата животна цел е исполнета, сега чекам да умрам.“

Не дека се согласувам скроз со него, ама реално, најреално, нај-нај-нај-нај-нај-нај-нај-нааааааааааајреално, освен човек ако нема потреба од возило со трет ред седишта, нема потреба од MPV.

Истото важи и за SUV.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #275 на: 01 Септември 2016, 13:00:51 pm »
Според мене секоја кола си има своја примена и убавина.

Џабе се ругаат одредени коли.

Мене не ми се вклопува мислењето дека купе треба да биде она што треба една кола да биде.

Потполно не практично возило, а возило како возило ако до некаде не е практично освен за курчење за што ќе ти е :)

Арно ама ги знам и бенефитите, ја познавам шасијата, знам што може да понуди во споредба со седан итн.

Така и ова.

MPV-ата се максимално практични возила. Не се комбиња, туку повишени каравани. Ако беа комбиња ќе беа во поинаква класа, затоа се викаат и MPV.

Ама нејсе :) секој со својот став, неам намера сеа да се спорам за субјективни доживувања, само глупо е кога читам празни демагогии.



Кларки на времето многу фино објасни за MPV..

Она што го кажуваш за себе кога ќе купиш MPV е „јас пораснав, направив 4 деца, мојата животна цел е исполнета, сега чекам да умрам.“

Не дека се согласувам скроз со него, ама реално, најреално, нај-нај-нај-нај-нај-нај-нај-нааааааааааајреално, освен човек ако нема потреба од возило со трет ред седишта, нема потреба од MPV.

Истото важи и за SUV.

Прочитај во потпис што пиша Кларки :)

И не е баш најнајнанаја реално, да бидеме искрени. Си прави  шоу човекот. Читај му ги неговите ревјуа ќе видиш дека сосема поинакви ставови има што не ги кажува на ТВ.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #276 на: 01 Септември 2016, 13:12:43 pm »
Заклучивме дека MPV не е кола за терање фраерлук како купе - нити па темава е за тоа, јасно е тоа уште од почеток. Мислам дека доволно беше образложување. Може да продолжиме ваљда понатаму со поважни дискусии. А не дали требало-или-нетребало да се купи. Кој како си сака, така ќе прави.

Во меѓувреме:

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #277 на: 01 Септември 2016, 13:24:18 pm »
Бев испровоциран од субјективни ставови, за кои неам ништо против, но се наметнуваат како „општо прифатени ставови“ и се користат за потсмев.

Парафризам „Оди уби се ако возиш MPV".

Истите тие возат неисправни нафтени/плински печки од по 70 до астрономски 150КС и експертизата за автомобилизам ја стекнале со гледање на YouTube видеа.

Студио, се враќаме на темата за денес.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #278 на: 01 Септември 2016, 14:48:45 pm »
Не бе синко, ама ти си се препознаваш во муабетите, односно чувствуваш некаква потреба да се убедуваш и да не убедуваш дека си го направил вистинскиот избор.

Да си жив и здрав, ако тебе ти прави мерак, со  мерак да си ја пичиш Зафирата и да немаш никакви проблеми со неа. Тоа што нашите субјективни, лични убедувања се разликуваат, не значи дека моето е правилно или твоето е правилно.

Патем, јас никаде не спомнав купе. За мене купе е непрактично, иако убаво возило.

Како и да е, и јас се согласувам дека секое возило си има примена. Конкретно, примената на MPV е да биде практичен фамилијарен транспорт (ако имаш најмалку три деца и ти треба соодветната големина) или да биде практичен, комфорен транспорт на подолги дестинации за деловни потреби. Односно, комбе.

Нејсе, јас не реков човек да се убие ако вози MPV. Да, можеби смрт е подобра алтернатива во моите очи, ама ете, некој ќе си најде оправдување. И јас не го оспорувам тоа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #279 на: 01 Септември 2016, 15:19:48 pm »
Тоа што некои MPV го нудат е да имаш едно возило кое ќе ти заврши работа за две возила. На пример, можеш да си го покриеш одморот како што треба со шетање и со лежалки, да си изнаполниш ствари што ти требаат како шатор, како маса и слично.

Истовремено ти нуди да можеш да отидеш каде било со уште еден пар луѓе, со тоа што сите 4 ќе седат без да се туткаат. Пришто ќе може да си прават муабет внатре луѓето без проблем. Ако има 7 седишта истово може и плус двете/трите дечиња да се испостават по седиштата и да си фатиш ресторанче Мариово/Белград/Софија. Притоа да имаш весело возење како на екскурзија во средно.

Понатаму може да си ставиш креветче да си спиеш во кола ако ти се оди на еднодневен кампинг без да местиш шатори.

А во оние 90% од времето каде што се возиш постојано во град да ти овозможи доста кратка кола која ќе е полесна за паркирање.

Тоа е поентата на MPV. И мене ми е кристално јасен овој дел.

Дел од овие работи може и караван, да речеме, ама поретки се убави каравани, и најчесто мора да се од Д сегмент за да не личат лошо. Сепак го може. Ама пола метро се поголеми и го отежнуваат оној 90% делот што го спомнав погоре.

Може и хечбек со туле... со штраф во шасија дирекно... Ако не те фаќа клаустрофобија кога ќе отвориш багажник може и ова. На седан не стоои туле баш, ама на хечбек стои. И ќе се пентраш горе со лежалките и товарот што и не е лоша комбинација и тоа. Ама повеќе е комбинација за ако веќе имаш кола па да си ја прошириш, ама ако земаш тазе кола повеќе има логика да си земеш она што ти треба. Плус ако веќе спомнување туле, па и караван и МПВ можат со туле, и тоа им стои уште поубаво на нив. И екскурзијата ќе е уште позабавна. :D :D :D А кампингот уште поинтересен! :)

Ова сега беше со нас на одмор, се забрале од NL навака 2000км. Накрцано да пука со туле и две дечиња. Милина. :D


A ова се бара. :)
« Последно менување: 01 Септември 2016, 15:28:20 pm Deni »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #280 на: 01 Септември 2016, 16:02:05 pm »
Не бе синко, ама ти си се препознаваш во муабетите, односно чувствуваш некаква потреба да се убедуваш и да не убедуваш дека си го направил вистинскиот избор.

Да си жив и здрав, ако тебе ти прави мерак, со  мерак да си ја пичиш Зафирата и да немаш никакви проблеми со неа. Тоа што нашите субјективни, лични убедувања се разликуваат, не значи дека моето е правилно или твоето е правилно.

Патем, јас никаде не спомнав купе. За мене купе е непрактично, иако убаво возило.

Како и да е, и јас се согласувам дека секое возило си има примена. Конкретно, примената на MPV е да биде практичен фамилијарен транспорт (ако имаш најмалку три деца и ти треба соодветната големина) или да биде практичен, комфорен транспорт на подолги дестинации за деловни потреби. Односно, комбе.

Нејсе, јас не реков човек да се убие ако вози MPV. Да, можеби смрт е подобра алтернатива во моите очи, ама ете, некој ќе си најде оправдување. И јас не го оспорувам тоа.


1) Никого не убедувам. Ако толку ми беше до мислењата на другите, сигурно немаше да купам Зафира нели? :)  Возам она што ми прави мерак/имам потреба.

2) Постот не се однесуваше конкретно за тебе. Општо зборував. Башка реков, неам намера да спорам за ставови. Тебе ете не ти се допаѓа. Неам ништо против тоа. ОК и треба така да е. Иначе сите ќе возевме Голф 4-ки TDI 90. Мене ме иритира секој трет или четврт пост на темава (или слична на неа) каде ОПШТО се ругаат MPV.

Да праевме муабет за SUV дека се руга, пак ќе настапев со истиот тоналитет. Глупаво е да се руга нешто и некој што реално си има сопствени убедувања и потреби да го има тоа возило.

Ругам постапки, ругам некој што наметнува „Моето е најубаво твоето е глупаво“.

Се надевам дека се сфаќаме.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #281 на: 01 Септември 2016, 18:44:55 pm »
MPV или multi purpose vehicle во една од тие мултинаменски способности ја има способноста да биде и комбе ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #282 на: 01 Септември 2016, 18:47:10 pm »
Така е. Знам другар што зема хонда џез баш затоа што се претвора во комбе за тие 3-4 пати годишно кога му треба.


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #283 на: 02 Септември 2016, 00:05:28 am »
Сеуште не ја разбирам потребата за спиење во кола али ај..

Јас седнав во на Carpatian аутото меѓутим не се пронајдов како сопственик и корисник на истото. ;D

Сакам седење како во civic/integra, некако убаво и сигурно се чувствувам кога седам ниско.
Сигурно е помачно преку седишта да го префрлаш детето во кола со 2/3 врати, отколку да го внесеш како низ собна врата во MPV, ама тоа се тие плусеви и минуси..

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #284 на: 02 Септември 2016, 01:29:37 am »
И ти ко тетин ми, 58 години има и цел живот строго купе со две врати фура. Еднаш само на кратко имаше Алфа ко на Куоре. Сега летово на одмор во МК дојдоа цело семејство, 4 души со Alfa GT од Германија. Е не :D