Тоа што некои MPV го нудат е да имаш едно возило кое ќе ти заврши работа за две возила. На пример, можеш да си го покриеш одморот како што треба со шетање и со лежалки, да си изнаполниш ствари што ти требаат како шатор, како маса и слично.
Истовремено ти нуди да можеш да отидеш каде било со уште еден пар луѓе, со тоа што сите 4 ќе седат без да се туткаат. Пришто ќе може да си прават муабет внатре луѓето без проблем. Ако има 7 седишта истово може и плус двете/трите дечиња да се испостават по седиштата и да си фатиш ресторанче Мариово/Белград/Софија. Притоа да имаш весело возење како на екскурзија во средно.
Понатаму може да си ставиш креветче да си спиеш во кола ако ти се оди на еднодневен кампинг без да местиш шатори.
А во оние 90% од времето каде што се возиш постојано во град да ти овозможи доста кратка кола која ќе е полесна за паркирање.
Тоа е поентата на MPV. И мене ми е кристално јасен овој дел.
Дел од овие работи може и караван, да речеме, ама поретки се убави каравани, и најчесто мора да се од Д сегмент за да не личат лошо. Сепак го може. Ама пола метро се поголеми и го отежнуваат оној 90% делот што го спомнав погоре.
Може и хечбек со туле... со штраф во шасија дирекно... Ако не те фаќа клаустрофобија кога ќе отвориш багажник може и ова. На седан не стоои туле баш, ама на хечбек стои. И ќе се пентраш горе со лежалките и товарот што и не е лоша комбинација и тоа. Ама повеќе е комбинација за ако веќе имаш кола па да си ја прошириш, ама ако земаш тазе кола повеќе има логика да си земеш она што ти треба. Плус ако веќе спомнување туле, па и караван и МПВ можат со туле, и тоа им стои уште поубаво на нив. И екскурзијата ќе е уште позабавна.

А кампингот уште поинтересен!

Ова сега беше со нас на одмор, се забрале од NL навака 2000км. Накрцано да пука со туле и две дечиња. Милина.
A ова се бара.
