Висината на тежиштето на МПВ и караван е различно во поглед на неколку милиметри односно максимум неколку центиметри. А не 30цм како што си земал за пример. Затоа и резултатот испаднал таков.
Во право си. Разликата помеѓу Шаран и Пасат изнесува 158 милиметри, или 15.8 сантиметри. Тоа е разлика од 10.42% во висината на возилото. Што е многу и е само висина на возило.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Како што кажа Симо, позицијата на седење во Шаран не е "неколку" милиметри повисока од Пасат. Тука разликата е многу поголема од 15.8 сантиметри. И тоа значително поголема.
Ако разликата беше неколку милиметри, никој немаше да каже "Абе во МПВ е малку повисоко седењето и има добра прегледност". Разликата е голема, до таму што секој кој што ќе седне во МПВ има чувство дека возилото е повисоко значително.
Кога ќе го натанкаш багажникот во Шаран и багажникот во Пасат, во Шаранот ќе имаш дополнителна инерцијална маса покрај патниците која ќе влијае врз севкупното однесување на возилото во свиок.
На 140 км/х пасатот во свиок "спие" на пат, шаранот ќе се однесува многу шашаво. Во пасатот нема ни да осетиш дека влегува возилото во свиок, во Шаранот ќе посакаш да одземеш гас бидејќи ќе имаш филинг дека губиш грип заради големите иниерцијални сили кои што ќе ги влијаат врз телото. И двете возила ќе влезат без проблем во свиокот со 140, ама филингот што ќе го имаш врз телото како последица на инерцијалните сили нема да биде ист.
Линкот на Луки е одличен за да се направи добра пресметка, методологијата на тој сајт е доста прецизна за одредување на тежиштето.
Ако кровот е повисок 16цм (и тоа во Шаран што е големо комбиште) ти викаш дека седењето е повисоко од Пасат за повеќе од 16цм? Се читаш ли што пишуваш? Како може да е повисоко од колку што е разликата? Може да е помалку, и е помалку. Бајаги помалку од 10цм.
Еве ги димензиите на колите:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Каде можеме да заклучиме дека:
1. Туран е само 1цм повисок од земја.
2. Просторот од седиштето до кровот во Пасат е 985 милиметри.
3. Просторот од седиштето во Туран е 1064 милиметри.
4. Висината на Пасатот е 1516мм.
5. Висината на Туранот е 1659мм.
Значи Туранот е 14,3цм повисок во кровот од Пасатот. Понатаму просторот над главата во Туран е поголем за 7,9мм.
14,3 - 7,9 + 1= 7,4цм разлика во седењето од Пасат Караван до Туран. Тоа се тие реални бројки.
Јас многу добро знам што пишувам. Нема потреба да се нервираш што ти го ругам омиленото возило, не треба да мешаш наука со емоции.
Положбата на тежиштето во возилото не е никако поврзано со бројките што ги имаш наведено. Најниската точка на седење или највисоката е само висина на газот на патникот од референтна рамнина (асфалт или под на возилото).
Влијанието на силите што влијаат врз патникот не се пресметува според тоа колку ти е газот ниско седнат.
Искрено немам време да правам пресметки во моментов, ама бидејќи веќе имам правено претходно за слични потреби, можам од искуство да кажам дека разликите во оптоварувањата не се мали воопшто.
Колку и да се обидуваш да докажеш дека разликата е мала, не е. Во пресметката на положбата на тежиштето на возилото, влегува целата висина на возилото со неговата специфична маса, плус резултантната сила на сите поединечни товари во него. Тоа што за тебе е "Се читаш ли што пишуваш?" и е неразбирливо е затоа што твоите ставови и мислења ги формираш според статии од интернет, и слики без да го анализираш проблемот од аспект на проста физика. И тоа е во ред, не сме сите инжењери и не сме сите надарени за тоа.
Јас се обидов да дадам упростено објаснување како влијаат оптоварувањата кај МПВ и Караван врз патниците, за да може лесно да се разбереме на форум.
Жал ми е што егото на МПВ фанатиците е скршено, тука неможам да помогнам.
Ако сакаш да споделуваме слики со коти од возила и да мериме колку милиметри некое возило е повисоко или пониско, тогаш се повлекувам од било каква дискусија затоа истата е безпредметна и на ниво на шпекулации и кафански муабет.
Ако сакаш да удриме сериозна анализа и пресметки и да направиме споредби и соодветно да ги споделиме тука за сите да се уверат во резултатите и исходот, во секое време прифаќам да учествувам. Мезе и пиење јас ќе платам.