Автор Тема: Estate VS MPV - Игра на простор  (Прочитано 71629 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #105 на: 27 Мај 2016, 08:40:19 am »
Доволно е да ставиш точка после 'спуштање'

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #106 на: 27 Мај 2016, 08:42:13 am »
Се сложувам со Симо. Јас на времето сакав да имам 156 Sportwagon 2.4 JTD. Подобро изгледаше од седанот а имаше и подобар багажник.

Дени, грешка си за бемвето, нема  бмв со крута вожња.

Ова може да е твое мислење. Меѓутоа во ниеден можен случај не се сложувам со него.

МПВ би ми понудило простор над глава... Чинам Зеро кажа нешто као, простор над глава имам и во Порше 911...
Мене не ми треба простор над глава, ми треба простор у багажник - затоа караван. Не ми треба филинг на комбе, ми треба филинг на кола - затоа караван. Практичност ќе ти понудат двата типа на возила, ама на различен начин. Две победи за караванот и едно нерешено :)

Што се тиче повисоката седечка позиција, не мора да значи дека по дифолт таа ти нуди подобра прегледност или што ти ја знам. Прегледноста има и други позначајни фактори, не само седечката позиција. Рецимо Х6 има повисока седечка позиција, а нема никаква прегледност.

По мене, поглупо нешто од спуштање на МПВ е спуштање на СУВ.
Не викам дека Туран е подобар од Пасат Караван, туку само тука да те коригирам затоа што Туранот има најмалку 690литри багажен простор кој е поголем од било кој караван, па и од Пасат Караван кој е околу 650 (ок доста блиску се). A значително поголем од малите каравани како бмв3 или алфа 159караван кои се околу 500 литри.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #107 на: 27 Мај 2016, 08:45:43 am »
Дени, грешка си за бемвето, нема  бмв со крута вожња.

Стегната возија и тврда/крута возија се две сосема различни работи.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #108 на: 27 Мај 2016, 08:46:19 am »
Така е, само да се добјаснам, нема бмв што тресе бубрези и удара на дупка. Може да има покрути амортизери и спирали, но пак удобно ќе вози по македонските патишта, за разлика од литарките.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #109 на: 27 Мај 2016, 09:27:33 am »
Знаеш како се вика спуштен BMW X6?



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #110 на: 27 Мај 2016, 09:36:18 am »
Хехе, браво.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #111 на: 27 Мај 2016, 09:53:31 am »
Не ми треба филинг на комбе, ми треба филинг на кола - затоа караван. Практичност ќе ти понудат двата типа на возила, ама на различен начин.

Велештрумф е во право. И тоа многу.

Во споредба со МПВ возилата- возилата во караванска изведба имаат пониско тежиште.

Ако споредиме МПВ и Караван возила кои тежат по 1.5 тона (инертна маса што треба да ја задвижат и да ја одржат во движење), тогаш кај МПВ возилото заради повисокото специфично тежиште, врз патниците ќе дејствуваат поголеми инерцијални сили во свиок отколку кај караванот. На сликата има прикажано многу едноставна и упростена пресметка од која може да видиме дека висината на тежиштето директно влијае врз комфорот на патниците, заради различното дејствување на инерцијалните сили врз нив. Теоретски, резултантата сила (која е збир на сите маси од возилото кои што дејствуваат во тежиштето), ќе има нападна точка во однос на подлогата на различни висини, односно моментот што во таа ситуација ќе се јави кај МПВ возилото ќе биде осетно поголем отколку кај караванот. (на сликата лево е прикажан упростен модел на МПВ, десно е модел на караван возило)



Што тоа значи?

Патниците кои што се возат во МПВ возилото ќе треба да вложат поголем физички напор за да го одржат седењето, или телото во положба која е комфорна за време на патувањето. Овој физички напор е пред се рефлексивен и телото го остварува како реакција на силите кои што му дејствуваат, и патникот за ова воопшто не е свесен. Па така по извозени 500км, патникот од МПВ возилото ќе биде значително по уморен отколку од патникот кој што се возел во караван возилото. Најчесто ваквите оптоварувања врз телото го викаме "боди рол", но при дизајнирање на возилата и нивниот комфор тие се земаат како динамичко оптоварување кое што константно влијае врз комфорот на патникот.

За да ги намалат овие динамички оптоварувања кои ги трпат патниците, најчесто производителите вршат компјутерска корекција на крутоста на амортизерите (кај high-end моделите кои имаат таква понуда во дополнителна опрема) во свиоците, со цел да ја намалат големината на силата F, бидејќи висината на тежиштето во текот на возењето е секогаш иста. Тоа значи за да имаме ист комфор кај МПВ и караван возилото, потребно е силата F1 да ја намалиме за процентуалната разлика на висините на тежиштата на двете возила. Во пракса тоа би значело, дека при влез во свиок, системот за потпирање со активна контрола ќе мора да ја зголеми крутоста на амортизерите од страната на возилото која е поблиску до центарот на ротација во свиокот, со цел да го намали "body roll" -от. Всушност тоа значи река во тежиштето на возилото ќе дејствува (Fa) сила спротивна од силата на насоката на масата на возилото, која всушност ќе ја намали резултантната сила до таа мерка што производот на резултантната сила со висината на возилото МПВ ќе биде ист со производот на резултантната сила и висината на караван возилото.



Во услови на експлоатација на МПВ и караван возилата со нормална ОЕМ суспензија без никаква компјутерска корекција, МПВ возилото ќе понуди помал комфор на патниците и истите ќе бидат по уморни за разлика од патниците во караван возилата.

Доколку и двете возила се возат на иста делница од автопат, и ако автопатот има 100 свиоци, телото на патниците во МПВ возилото ќе вложи поголем реактивен напор да се одржи во комотна позиција за патување во седиштето, за разлика од караванот. Ако висината на тежиштето на МПВ возилото е 1.1 метар од земја, а на караванот 0.8 метри од земја (вредностите се апроксимативни) имаме разлика од 27% во висините на возилата, односно 27% поголеми оптоварувања врз телото во сите 100 свиоци од патот кај патниците во МПВ возилото, под претпоставка дека во возилата имаме ист број на патници и имаат иста специфична маса од 1.5 тона.

Имање простор во возилото во гепек или над главата во кабина, не е никаков критериум за поголем комфор при патување.

Нормално дека патниците во МПВ возило и караван ќе стигнат далеку по одморени и свежи отоколку да патуваат со Ford Fiesta, Polo и слично, но во директна споредба МПВ со караван, патниците во караван возилото ќе бидат нај "одморени".

И така.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #112 на: 27 Мај 2016, 10:06:18 am »
Висината на тежиштето на МПВ и караван е различно во поглед на неколку милиметри односно максимум неколку центиметри. А не 30цм како што си земал за пример. Затоа и резултатот испаднал таков.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #113 на: 27 Мај 2016, 10:15:05 am »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #114 на: 27 Мај 2016, 10:35:05 am »
Висината на тежиштето на МПВ и караван е различно во поглед на неколку милиметри односно максимум неколку центиметри. А не 30цм како што си земал за пример. Затоа и резултатот испаднал таков.

Тежиштето на самото возило е битно, но висината на кое е поставено телото е побитно.
Да речеме дека тежиштата на возилата се занемарливо  различни. Повисоката позиција на телото (а сигурно е повеќе од 10-тина цм), и тоа како влијае силите кои ги трпи  телото при движење во кривини. . Рачунај дека коцките што ги нацртал златкоа се уствари нашите тела..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #115 на: 27 Мај 2016, 10:57:38 am »
Висината на тежиштето на МПВ и караван е различно во поглед на неколку милиметри односно максимум неколку центиметри. А не 30цм како што си земал за пример. Затоа и резултатот испаднал таков.

Во право си. Разликата помеѓу Шаран и Пасат изнесува 158 милиметри, или 15.8 сантиметри. Тоа е разлика од 10.42% во висината на возилото. Што е многу и е само висина на возило.



Како што кажа Симо, позицијата на седење во Шаран не е "неколку" милиметри повисока од Пасат. Тука разликата е многу поголема од 15.8 сантиметри. И тоа значително поголема.

Ако разликата беше неколку милиметри, никој немаше да каже "Абе во МПВ е малку повисоко седењето и има добра прегледност". Разликата е голема, до таму што секој кој што ќе седне во МПВ има чувство дека возилото е повисоко значително.

Кога ќе го натанкаш багажникот во Шаран и багажникот во Пасат, во Шаранот ќе имаш дополнителна инерцијална маса покрај патниците која ќе влијае врз севкупното однесување на возилото во свиок.

На 140 км/х пасатот во свиок "спие" на пат, шаранот ќе се однесува многу шашаво. Во пасатот нема ни да осетиш дека влегува возилото во свиок, во Шаранот ќе посакаш да одземеш гас бидејќи ќе имаш филинг дека губиш грип заради големите иниерцијални сили кои што ќе ги влијаат врз телото. И двете возила ќе влезат без проблем во свиокот со 140, ама филингот што ќе го имаш врз телото како последица на инерцијалните сили нема да биде ист.

Линкот на Луки е одличен за да се направи добра пресметка, методологијата на тој сајт е доста прецизна за одредување на тежиштето.


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #116 на: 27 Мај 2016, 11:00:56 am »
Шаран е комбе, Туран е пола комбе, пола ништо. Дени сака и ја отвори темава за Туран ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #117 на: 27 Мај 2016, 11:07:02 am »
Шаран е комбе, Туран е пола комбе, пола ништо. Дени сака и ја отвори темава за Туран ;)

Шаранот може да го споредиме со Пасат караван, Туранот со Голф караван. Исходот пак е ист.

И да го споредиме Туран-от со Голф и со Пасат, пак на крај исходот ќе биде во полза на Голфот и Пасатот караван.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #118 на: 27 Мај 2016, 11:28:58 am »
Висината на тежиштето на МПВ и караван е различно во поглед на неколку милиметри односно максимум неколку центиметри. А не 30цм како што си земал за пример. Затоа и резултатот испаднал таков.

Во право си. Разликата помеѓу Шаран и Пасат изнесува 158 милиметри, или 15.8 сантиметри. Тоа е разлика од 10.42% во висината на возилото. Што е многу и е само висина на возило.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Како што кажа Симо, позицијата на седење во Шаран не е "неколку" милиметри повисока од Пасат. Тука разликата е многу поголема од 15.8 сантиметри. И тоа значително поголема.

Ако разликата беше неколку милиметри, никој немаше да каже "Абе во МПВ е малку повисоко седењето и има добра прегледност". Разликата е голема, до таму што секој кој што ќе седне во МПВ има чувство дека возилото е повисоко значително.

Кога ќе го натанкаш багажникот во Шаран и багажникот во Пасат, во Шаранот ќе имаш дополнителна инерцијална маса покрај патниците која ќе влијае врз севкупното однесување на возилото во свиок.

На 140 км/х пасатот во свиок "спие" на пат, шаранот ќе се однесува многу шашаво. Во пасатот нема ни да осетиш дека влегува возилото во свиок, во Шаранот ќе посакаш да одземеш гас бидејќи ќе имаш филинг дека губиш грип заради големите иниерцијални сили кои што ќе ги влијаат врз телото. И двете возила ќе влезат без проблем во свиокот со 140, ама филингот што ќе го имаш врз телото како последица на инерцијалните сили нема да биде ист.

Линкот на Луки е одличен за да се направи добра пресметка, методологијата на тој сајт е доста прецизна за одредување на тежиштето.


Ако кровот е повисок 16цм (и тоа во Шаран што е големо комбиште) ти викаш дека седењето е повисоко од Пасат за повеќе од 16цм? Се читаш ли што пишуваш? Како може да е повисоко од колку што е разликата? Може да е помалку, и е помалку. Бајаги помалку од 10цм.

Еве ги димензиите на колите:



Каде можеме да заклучиме дека:
1. Туран е само 1цм повисок од земја.
2. Просторот од седиштето до кровот во Пасат е 985 милиметри.
3. Просторот од седиштето во Туран е 1064 милиметри.
4. Висината на Пасатот е 1516мм.
5. Висината на Туранот е 1659мм.

Значи Туранот е 14,3цм повисок во кровот од Пасатот. Понатаму просторот над главата во Туран е поголем за 7,9мм.
14,3 - 7,9 + 1= 7,4цм разлика во седењето од Пасат Караван до Туран. Тоа се тие реални бројки.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #119 на: 27 Мај 2016, 11:30:58 am »
Сега го разбрав значењето на multi-purpose vehicle :D

http://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=849274
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.