Здраво Vlatzki
Ќе се обидам редоследно да одговорам на прашањата
- 1.0ie моторот на Fiat Uno е моно-инжексион тип на мотор, за кој е предвидено вградување на плински уред со плочка-дифузер. Поставување на плински уред со дизни на овој тип на мотор е еден вид на експериментирање кое често е неуспешно.
-Не е нормално во колата да мириса на варени јајца. Би сакал да нагласам дека овој мирис (на варени јајца) најчесто е резултат на проблеми со катализаторот. Според Вашиот опис, не би требало да се работи за мирис на плин, но додека не го прегледаме возилото не можам да кажам ништо дефинитивно.
Инаку плинот (ТНГ) во природна состојба нема мирис и нема боја. Затоа, за да се забележи негово присуство во средината, пред да се пушти во промет во него се додава вештачки мирис-одорант. Најчесто се употребува hydrogen sulphid, со специфичен непријатен мирис кој човековиот нос лесно го детектира, во комбинација се соединенија од Thiol-групата, како ethanethiol i propanethiol, кои имаат функција на засилувачи на неговиот мирис. Мирисот на одорантот е толку силен и остар што и најмалото истекување на плинот лесно ќе се почувствува.
-Нема ограничување за употребата на возилото кога е на плински погон, слободно возете го и на повисоки вртежи, нема никави поsледици по моторот. Кај овој фиатов мотор нема опасност од прегревање на вентили кога моторот работи на плински погон. Препораката да се вози до 4000 rpm (или околу 120 км/час) се дава како превентива за новите јапонски возила кај кои треба да се внимава на вентилите.
Поздрав
Плимонт