Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 959622 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2115 на: 13 Април 2016, 09:59:53 am »
Во моментов постои задолжетелен атестен преглед, за кој плинската боца ги исполнува условите, не е постара од 10 години. За овој систем да може да помине на атестен преглед по денешни прописи, потребно е да се постави нов мултивентил со ЕЦЕ 01 хомологација (законот е сменет кон крајот на 2012 год). Замената чини 4000 денари.
Би требало на секои 10 години да се прави проверка на плинската боца, но во моментов ситуацијата е таква да  во Македонија не се прават периодични контроли (т.н. реатести) и колку што имаме информација сеуште нема пријавена компанија или институција која би се овластила за извршување проверка на плинските резервоари.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2116 на: 14 Април 2016, 01:40:04 am »
машински имаат опрема, ама нејќат.... да не немаат кадар случајно??
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2117 на: 14 Април 2016, 02:11:18 am »
Во моментов постои задолжетелен атестен преглед, за кој плинската боца ги исполнува условите, не е постара од 10 години. За овој систем да може да помине на атестен преглед по денешни прописи, потребно е да се постави нов мултивентил со ЕЦЕ 01 хомологација (законот е сменет кон крајот на 2012 год). Замената чини 4000 денари.

Во ред, ви благодарам на инфото.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2118 на: 17 Април 2016, 19:13:03 pm »
Здраво Плимонт, ме интересира дали бензинските мотори кои се вградуваат во Тојота Авенсис од втората генерација (2003-2009), и тоа 1.6,1.8 и 2.0 се погодни за конверзија на плин?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2119 на: 18 Април 2016, 16:31:39 pm »
Здраво Плимонт, ме интересира дали бензинските мотори кои се вградуваат во Тојота Авенсис од втората генерација (2003-2009), и тоа 1.6,1.8 и 2.0 се погодни за конверзија на плин?

Да, тоа се VV-Ti кои се погодни мотори за поставување на плински уред. Се разбира, и за нив важи превентивата против загревање на вентили како и кај другите јапонски возила од новата генерација (што подразбира поставување капалка со масло и избегнување на возење над 4000rpm).Единствено нема опција за 2.0-lit. D4 VVT-i моторот- кој е со директно вбризгување, и за кој во моментов не постои плински уред, а според најавите нема шанси во блиска иднина да биде развиен.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2120 на: 18 Април 2016, 17:04:23 pm »
Здраво Плимонт,

Ме занима за Fiat Uno 1.0ie 2002год како поднесува плин. Уното има вградено Мимгас плински уред со дизна.

Дали е нормално кога ќе ја бркам колата на повисочки обртаи да замирисува внатре на варени јајца ? Иначе точам плин од Окта на Партизанска, кај Лептокарија.

Дали можам да ја стискам поредовно на плин, безбедно ли е ? Исто ме интересира и за вожња на автопат при брзини од 120тина км на час дали би имало проблеми со плинот и вентилите.

Јбг можда нубски питања али прва кола ми е ова на плин.

Поздрав и фала на одговор. :)

Може ли да добијам целосен одговор на моиве прашања.
Иначе би дошол кај вас да го прегледаме уното ама периодов сум позафатен, па така може после Велигден ќе наминам некој ден.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2121 на: 19 Април 2016, 11:43:07 am »
Здраво Vlatzki
Ќе се обидам редоследно да одговорам на прашањата
- 1.0ie моторот на Fiat Uno е моно-инжексион тип на мотор, за кој е предвидено вградување на плински уред со плочка-дифузер. Поставување на плински уред со дизни на овој тип на мотор е еден вид на експериментирање кое често е неуспешно.
-Не е нормално во колата да мириса на варени јајца. Би сакал да нагласам дека овој мирис (на варени јајца) најчесто е резултат на проблеми со катализаторот. Според Вашиот опис, не би требало да се работи за  мирис на плин, но додека не го прегледаме возилото не можам да кажам ништо дефинитивно.
Инаку плинот (ТНГ) во природна состојба нема мирис и нема боја. Затоа, за да се забележи негово присуство во средината, пред да се пушти во промет во него се додава вештачки мирис-одорант. Најчесто се употребува hydrogen sulphid,  со специфичен непријатен мирис кој човековиот нос лесно го детектира, во комбинација се соединенија од Thiol-групата, како ethanethiol i propanethiol, кои имаат функција на засилувачи на неговиот мирис. Мирисот на одорантот е толку силен и остар што и најмалото истекување на плинот лесно ќе се почувствува.
-Нема ограничување за употребата на возилото кога е на плински погон, слободно возете го и на повисоки вртежи, нема никави поsледици по моторот. Кај овој фиатов мотор нема опасност од прегревање на вентили кога моторот работи на плински погон. Препораката да се вози до 4000 rpm (или околу 120 км/час) се дава како превентива за новите јапонски возила кај кои треба да се внимава на вентилите.
Поздрав
Плимонт

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2122 на: 19 Април 2016, 12:02:33 pm »
Во ред, ви благодарам многу за одговорот.

За тоа дали е на дизна или не е, не сум до толку сигурен. Пошто сите другари кои го виделе уното викаат дека ми е на дизна плинот, ја додуше не се разбирам до толку. Може и да е на плочка, не знам.

За катализаторот, не, не е мирис на плин, знам како мириса плинот. Истиот мирис се јавува кога ќе ја стискам колата дали на плин, дали на бензин, нема разлика. А може и ќе го вадам катализаторот, ќе видам понатака...

Вожњата на автопат со ~120кмч ме интересираше највише. Пошто за некоја недела ќе испаѓам надвор од Скопје па да бидам помирен психички што се тиче плинот. Планирав да возам 80-90км/ч иначе, ради стравот што го имав во врска со плинот. :D
Сега ми е појасно.

Благодарам повторно за одговорите.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг:
« Одговори #2123 на: 19 Април 2016, 23:43:44 pm »
Предлог за плински систем, за хонда цивик  еј9 со D14A4 мотор.

Sent from my A0001 using Tapatalk


Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2124 на: 20 Април 2016, 10:20:30 am »
Предлог за плински систем, за хонда цивик  еј9 со D14A4 мотор.

Sent from my A0001 using Tapatalk



Наш предлог е Ланди Омегас Ево, со торусен резервоар од 42 литри. Цената е 570 евра. Доста често сме поставувале плински уреди на овој модел на Сивик, не е проблематично возило и не бара премногу од плинскиот уред, така што може да се вгради и некој од уредите со пониска цена.

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4586
  • ~ Full of soul ~
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2125 на: 21 Април 2016, 23:27:56 pm »
Плинче за Поло 2004 1.2 3 клипа ? цена марка..понуди
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2126 на: 22 Април 2016, 10:30:01 am »
За ова Поло препорака е Ланди Омега Ево со торусен резервоар од 48 литри. Цена-570 евра

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2127 на: 25 Април 2016, 00:13:25 am »


кога ќе почнете со монтажа на овие плинови ?
слушам колата дури боље идела на плин него ли на бензин :D

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2128 на: 26 Април 2016, 10:17:17 am »
 не почнуваме...после само вакви ќе ни бараат :)  :)

Отсутен ivanov99

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2129 на: 26 Април 2016, 22:58:30 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

кога ќе почнете со монтажа на овие плинови ?
слушам колата дури боље идела на плин него ли на бензин :D
што плински уред е ова???