Ај јас да поставам едно проширено прашање.
Имам Пежо 206 1.1 бензин кое планирам наскоро да го унапредам во рибарска кола, што значи ќе треба многу да ака по државава. Дали ми се исплати да ставам плин и каков уред да ставам? Плус, не сакам голема боца, немам простор за резервна за да ставам торусна, туку би ставил помала боца (27-30 литри) што се монтира позади едната третина од седиштата (од деливата задна клупа). Дали кај нас има такви помали боци, бидејќи ќе ми треба слободен простор во гепек. Моторот е 1.1, мислам дека е МПИ, 60 КС. Во град ми троши околу 8, може и 7, ама треба да го возам пензионерски, а немам таква намера. На отворено троши отприлика 6, 6.5, на автопат го терам до кај 4.000 обртаи ~ 130-135 км/ч, немам потреба од повеќе.
Што мислите, би се исплатело ли со годишна вожња од 10-тина илјади км (имам и втора кола, дизелче), каков уред ми препорачувате да ставам и нормално колку ќе ме чини се комплет?
Фала
Ако со Вашето Пежо планирате да изминете 10,000 км годишно, тогаш со сигурност сте во групата на возачи на кои би им препорачале да вградат плински уред. Дефинитивно инвестицијата ќе се врати за помалку од 18 несеци.
Во нашата понуда имаме уреди со цени од 368 до 540 евра. Наша препорака е уредот Омегас Ево, со цена од 540 евра.
Вообичаено за 206-ка е да се постави цилиндричен резервоар со зафатнина од 27 или 33 литри. Кај ова возило резервоарот се поставува зад задното седиште, попречно на должината на возилото, во десниот агол (гледано одзади), така да ќе остане употреблива опцијата за зголемување на багажен простор со спуштање на седиште)
Овие резервоари (27 и 33 лит, Ф-315 мм) се со полн дијаметар, но со мала должина, и зафаќаат доста мал дел од багажниот простор (во превод-ќе има место за рибарската опрема и за една гајба пиво).