Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 897104 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1725 на: 29 Април 2015, 14:28:04 pm »
Дали при возење на плин бензинската пумпа работит или при самото префрлуваље на плин таа се гаси?Се работи за ланди ево на бмв е46 318 2003 н42 мотор

Кај возилата со инџексион тип на мотор, бензиската пумпа е активна и кога моторот работи на плински погон.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1726 на: 29 Април 2015, 18:19:18 pm »
Зато ми прегоре мене.немат опција да се исклучуват?демек ределе некое реле да се гаси ко кепрефрли на плин
;)

Присутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1923
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1727 на: 29 Април 2015, 18:33:17 pm »
Кај Corsa D колкава торусна боца собира?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1728 на: 02 Мај 2015, 12:28:45 pm »
Зато ми прегоре мене.немат опција да се исклучуват?демек ределе некое реле да се гаси ко кепрефрли на плин

Има начини како да се исклучи пумпата кога возилото е на плински погон, но тоа кај возилата со моно или мулти-поинт инџексион мотор е недозволено и небезбедно. Пумпата за гориво има свој рок на траење. Честа причина за нејзино предвремено откажување е возење со мала количина на бензин во резервоарот, при што пумпата не е потопена во бензин и доаѓа до прегревање. За сите возила со инџексион тип на мотор се препорачува и по вградувањето на плински уред нивото на бензин во резервоарот да биде над резервата, односно да не свети сијаличката за резерва на бензинот.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1729 на: 02 Мај 2015, 13:26:43 pm »
Кај Corsa D колкава торусна боца собира?

Најчесто вградуван резервоар кај Corsa D е 43 литарски-торусен, со диемнзии 600х200 мм. Овој резевоар во пракса реално се полни до 40-41 литар, што е сосем прифатливо решение за Corsa.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3075
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1730 на: 04 Мај 2015, 21:54:48 pm »

Контролните прегледи се препорачува да се прават на секои 20,000 км, или на секои 12 месеци. Не се задолжителни, но добро е да се направат, па макар и се да е во најдобар ред со плинскиот уред.

Штом е така и јас деновиве кога ќе ви дојдам по службена должност ќе го ѕирнете плинскиот ми уред :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1731 на: 04 Мај 2015, 22:55:24 pm »
така е така... јас си ги практикувам редовните контроли... саше кога ке ме види, одма си прави еден фејсплам, звонко нарачува кафе за мене и по еден лексилиум за за присутните сервисери... :)

мајтап нели, мада у секоја заебанција, пола вистина има... во секој случај, контрола на плински уред секако е потребна, затоа што иако ви изгледа дека се е во ред, можно е да постојат скриени моменти, или моменти пред расипување и правење беља, а тоа се тие моменти што само стручно лице може да ги обезбеди...

ај да ги прашам од плимонт.. ланска година, во очи на летните одмори, имавте некоја акција за бесплатна контрола на плинските уреди на сите возила.. знам дека се закажуваше, заради, сепак, големиот интерес за истата акција... годинва ке има ли такво нешто, или не сте одлучиле сеуште?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен fio

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1732 на: 07 Мај 2015, 12:04:33 pm »
Ај јас да поставам едно проширено прашање.
Имам Пежо 206 1.1 бензин кое планирам наскоро да го унапредам во рибарска кола, што значи ќе треба многу да ака по државава. Дали ми се исплати да ставам плин и каков уред да ставам? Плус, не сакам голема боца, немам простор за резервна за да ставам торусна, туку би ставил помала боца (27-30 литри) што се монтира позади едната третина од седиштата (од деливата задна клупа). Дали кај нас има такви помали боци, бидејќи ќе ми треба слободен простор во гепек. Моторот е 1.1, мислам дека е МПИ, 60 КС. Во град ми троши околу 8, може и 7, ама треба да го возам пензионерски, а немам таква намера. На отворено троши отприлика 6, 6.5, на автопат го терам до кај 4.000 обртаи ~ 130-135 км/ч, немам потреба од повеќе.

Што мислите, би се исплатело ли со годишна вожња од 10-тина илјади км (имам и втора кола, дизелче), каков уред ми препорачувате да ставам и нормално колку ќе ме чини се комплет?

Фала :)

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1733 на: 08 Мај 2015, 13:10:28 pm »
Ако може мислење не знам ни дали е проблем ова, но порано не правеше така. Кога гасам ми титка 2-3 пати од кај покажувачот за плин. Боцата е полна. Се работи за Ауди А3 1.6 2002г Ловато плински систем. Благодарам

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1852
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1734 на: 08 Мај 2015, 15:47:24 pm »
Ако може мислење не знам ни дали е проблем ова, но порано не правеше така. Кога гасам ми титка 2-3 пати од кај покажувачот за плин. Боцата е полна. Се работи за Ауди А3 1.6 2002г Ловато плински систем. Благодарам

Си извизел одреден број на саати, бидејќи како што ми имаат кажано, системот не регистрира километри, туку работни саати, и тоа е потсетување да си го смениш филтерот за плинот.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1735 на: 08 Мај 2015, 15:53:54 pm »
фала на одговор имам извозено 18.000км за 1 година ќе го сменам овие денови па може нема да свири. Фала

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1736 на: 08 Мај 2015, 21:21:10 pm »
и да го смениш, пак ке титка... треба на компјутер да ти се ресетира времето за сервисен интервал.. исто како и кај колите што има сервис, или клуч или што и да е, како ознака за сервисен интервал... само кај нив е на поминати километри а кај плинските уреди е на раб. саати.. ваден е некој просек..


и немој на своја рака да мењаш, има неколку различни типови, кои на око се исти ама не се внатре исти...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1923
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1737 на: 09 Мај 2015, 00:41:52 am »
Дали покажувачот за плин во кабина игра улога при Атест? Неќам да го ставам на видливо место.

На Corsa-та има под прекидачот за светла една дупка за оставање парички и сл. и таму сакам да го ставам. Дали би правеле проблем на Атест?


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7852
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #1738 на: 09 Мај 2015, 00:54:25 am »
Не би требало да прават проблем. Кај мене е на многу слично вакво место поставен шалтерот и си помина атест без проблем

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1739 на: 09 Мај 2015, 01:08:03 am »
за тоа нема да ти прават проблем... ке се почудиш каде се видов тоа копче да е турено... под рачна, под седиште... сегде, кај што муштеријата има кејф да биде, таму ке биде...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време