Како што веќе информиравме, кај плинските уреди за direct injection (DI) моторите, применето е split-fuel вбризгување, односно, во моторот се вбризгуваат и плин и бензин.
Landi Renzo го промовираше унапредениот софтвер за DI – плинските уреди, со кој учеството на бензинот е намалено на 8 проценти при возење на отворено, и до 18 проценти при градско возење.
Од нашето досегашно искуство можеме да потврдиме дека TSI моторите со зафатнина 1.2 , 1.4 и 1.8 литри во сите режими на работа, и на отворен пат и при градско возење, моторот работи на плин (split-fuel).
Од досегашните информации добиени од нашите корисници на DI – плински уреди можеме да кажеме конкретна бројка за потрошувачката при возење на отворено, најмногу затоа што и првите корисници на DI – уредите се возачи кои поминуваат големи километражи на отворен пат. Реалната бројка на потрошувачка на бензин кај сите возила е под 10 проценти.
Податоците за процентот на потрошен бензин во услови на градско возење сеуште не се доволни за извлекување прецизна бројка, очекуваме тоа да можеме да го направиме во скоро време.
Уредите кои ги добивме од Landi renzo по промотивна цена веќе се вградени, редовната цена на DI- уредите се движи помеѓу 1000 и 1100 еур, во зависност типот на моторот.