Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 897677 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #210 на: 01 Март 2012, 18:53:03 pm »
Здраво дечки, заинересиран сум да ставам плински уред на Мицубиши Колт 1.3 95кс 2011 година. Кој уред го препорачувате за ова возило, какви боци би можел да вградам и посебно ми е битно дали ќе важи гаранцијата после инсталација на уредот?

Во моментов имаме во гаража Митсубиши Колт на кој се вградува плински уред,  доколку сакате можете утре да поминете и да видите како изгледа монтиран уред на ова возило, отвораме во 08,00 а Колтот ќе го предадеме по 09,30. Наш предлог е на овој модел на Колт да се вгради Ланди Плус Макс уредот во комбинација со торусен резервоар кој се поставува на место на резервно тркало , со зафатнина од 33 литри, и со дозатор со масло за ладење на вентилите. Цената на овој систем изнесува 610 евра.
Ќе се потрудам во текот на утрешниот ден да постирам фотографии од Клио и од Колт, но можеби и ќе задоцнам со нив. Заради енормно заголемениот интерес за вградување на плински уреди кој го имаме деновиве, имаме многу малку време за да одговориме на Вашите прашања.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #211 на: 01 Март 2012, 18:58:41 pm »
Штета не сум слободен тоа време, меѓутоа кога ќе можете закачете сликички да видам. А со гаранцијата што биднува ми кажаа дека важи без проблем :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9031
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #212 на: 02 Март 2012, 11:23:06 am »
а информацијата за високите вртежи е односно да не се вози долго време на високи вртежи важи за секој мотор кој дополнително нема додадено систем за ладење на вентилите или за одредени модели како во случакот Киа/Хјундаи.

На ибицата со 1.4 еве на пример одам на КРф на одмор и по патот натаму нормално можеш долго време на високи вртежи да возиш??


Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #213 на: 02 Март 2012, 11:42:58 am »
Штета не сум слободен тоа време, меѓутоа кога ќе можете закачете сликички да видам. А со гаранцијата што биднува ми кажаа дека важи без проблем :)

Да , направив пропуст, недостасува информација за гаранцијата на Вашиот Митсубиши.
Доколку се постави плински уред во Плимонт, Мак Ауто Стар не ја прекинува гаранцијата на возилото, но со одредени ограничувања. Поточно, деловите од моторот кои се под директно влијание на плинот (глава на мотор, карики, сонда, катализатор...) се изземени од гаранцијата.За останатите делови на моторот (сензори, водна пумпа, лагери...) гаранцијата продолжува да важи.
Од сите наброени компоненти, во пракса единствено постои можност за проблем кај вентилите , останува препораката да се избегнува често и долго  возење под високи вртежи

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Плински уред на Митсубиши Колт
« Одговори #214 на: 02 Март 2012, 12:14:40 pm »
Штета не сум слободен тоа време, меѓутоа кога ќе можете закачете сликички да видам. А со гаранцијата што биднува ми кажаа дека важи без проблем :)

Снимив три блиц видеа, а фотографии  може да последнете на следниов линк:

http://www.plimont.com/galery4/index.php?/search/888





Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #215 на: 02 Март 2012, 13:05:41 pm »
Одлично изгледа, педантно до максимум фала за видеата ќе ви поминам некој ден да направиме убаво муабет.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #216 на: 02 Март 2012, 15:14:27 pm »
Колку литри се овие резервоари? Истиот е како во Поло?

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #217 на: 02 Март 2012, 18:49:21 pm »
33 литри се има погоре во постовите.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #218 на: 03 Март 2012, 08:19:20 am »
а информацијата за високите вртежи е односно да не се вози долго време на високи вртежи важи за секој мотор кој дополнително нема додадено систем за ладење на вентилите или за одредени модели како во случакот Киа/Хјундаи.

На ибицата со 1.4 еве на пример одам на КРф на одмор и по патот натаму нормално можеш долго време на високи вртежи да возиш??



Препораката за ограничување на возење под високи вртежи е за возилата со осетливи вентили, за кои препорачуваме и употреба на адитиви. Кај 1.4 моторот на VW  нема проблеми и нема ограничувања, можете да го возите Вашиот Сеат како сакате, се подразбира  под услов плинскиот уред да е добро калибриран. Тука би сакал да направам мал осврт на потребата од правилно калибрирање на плинскиот уред кое треба да се направи во професионален сервис.
Имено, една од можностите која ја дава плинот како гориво е што моторот може да се калибрира да работи идеално и во сиромашна смеша. Но ова кај новите возила со бензиски мотор е непожелно, бидејќи сиромашната смеша предизвикува греење на главата кај моторот. Затоа, во нашите брошури стои дека возилото ќе троши 10% повеќе плин од бензин, иако можеме да го калибрираме да троши исто како и на бензиски погон.
Поентата е да се направи калибрација спрема потребите на моторот. Секое отстапување од ова начело, а што за жал е присутно во нашиве простори, е непрофесионално и отвора можност за оштетувања на моторот.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #219 на: 03 Март 2012, 09:05:42 am »
Колку литри се овие резервоари? Истиот е како во Поло?

Кај последните два модели на Поло има простор да се постави поголем торусен резервор- до 47 литри, додека кај постарите модели се поставува 33 литарски торусен резервоар

Отсутен xnickx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #220 на: 05 Март 2012, 21:56:26 pm »
Здраво, би сакал да ми кажете за возило Даеву Нубира од 2001 год. со 1.6 16v 100 кс мотор кое пред две години доживеа “инфаркт“ и после детален ремонт повторно работи правилно. Дали тоа што моторот беше оштетен би направило проблеми, а ако одговорот е не, тогаш кој модел би го репорачале да се вгради и која е неговата цена? Поздрав.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #221 на: 07 Март 2012, 13:46:09 pm »
Здраво, би сакал да ми кажете за возило Даеву Нубира од 2001 год. со 1.6 16v 100 кс мотор кое пред две години доживеа “инфаркт“ и после детален ремонт повторно работи правилно. Дали тоа што моторот беше оштетен би направило проблеми, а ако одговорот е не, тогаш кој модел би го репорачале да се вгради и која е неговата цена? Поздрав.

Ако сега е се во ред со возилото, нема да има проблем да се вгради плински уред и да функционира добро на плински погон. Во секој случај, кога ги примаме возилата за монтажа се прави преглед и ако се забележи дека нешто не е во ред се информира сопственикот.
Наша стандардна препорака за возилата со MPI тип на мотор, како што е и Вашата Нубира е да се вгради Ланди Плус Макс уредот, секвенционален уред со директно вбризгување на плинот. Неговата цена е 540 евра за систем со цилиндричен резервоар, доплатата за торусен резервоар кој се поставува на место на резервно тркало е 30 евра.. Наскоро ќе постирам и фотографии од Нубира со вграден плински уред.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #222 на: 08 Март 2012, 17:39:43 pm »
Dali moze da se namesti na Polonez pikap tovarno plin od dolnata strana na tovarniot prostor te na mestoto na rezervnata guma i kolku ke me cini?

Кај Полонез пикап може да се вгради плински уред со вонгабаритно поставен торусен плински резервоар на место на резервно тркало. Цената за вградување е 340 евра. Цената вклучува, покрај стандардниот аспираторски уред Ланди Рензо за карбураторски мотор, посебен тип на плински резервоар за надворешно вградување, мултивентил тип Ловато со заштита за надворешно вградување, и заштита за плински резервоар од композитен материјал.
Одлуката за типот на заштита за плинскиот резервоар се донесе по препорака на експерти, иако заштитата од композитен материјал е со повисока цена од класичната заштита од лим,  заради повеќето предности кои ги поседува композитниот материјал – не оксидира (не рѓосува), нема допир метал со метал (заштита со резервоар), поседува голема цврстина, еластичност и отпорност на удари.
Може да се искористи попустот во висина од 500 денари, за плаќање на атест за возила со вграден плински уред, кој уредот го вградиле во Плимонт. Попустот го одобруваат АМ Церт (Аутомакедонија) и АМСМ (за АМСМ попустот важи и ако се прави атестот и во Битола). Овој тип на монтажа со типот на заштита на плинскиот резервоар веќе е одобрен и од АМ Церт и АМСМ, со тоа што од АМСМ очекуваме да добиеме одговор во официјална форма до Четрврток.(16.02.2012)


Александар, со мало задоцнување те информирам, доколку вградиш плински уред со вангабаритно поставен резервоар, а-тест може да направиш и во Битола, во просториите на АМД Битола.
Поздрав

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 802
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #223 на: 08 Март 2012, 22:21:13 pm »
Blagodaram.A za popustot ke treba da se plati kaj vas ili moze direktno kaj niv.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #224 на: 09 Март 2012, 16:51:40 pm »
Blagodaram.A za popustot ke treba da se plati kaj vas ili moze direktno kaj niv.

За да се искотисти попустот, сумата од 2500 ден. треба да се уплати во Плимонт