Штета не сум слободен тоа време, меѓутоа кога ќе можете закачете сликички да видам. А со гаранцијата што биднува ми кажаа дека важи без проблем ![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
Да , направив пропуст, недостасува информација за гаранцијата на Вашиот Митсубиши.
Доколку се постави плински уред во Плимонт, Мак Ауто Стар не ја прекинува гаранцијата на возилото, но со одредени ограничувања. Поточно, деловите од моторот кои се под директно влијание на плинот (глава на мотор, карики, сонда, катализатор...) се изземени од гаранцијата.За останатите делови на моторот (сензори, водна пумпа, лагери...) гаранцијата продолжува да важи.
Од сите наброени компоненти, во пракса единствено постои можност за проблем кај вентилите , останува препораката да се избегнува често и долго возење под високи вртежи