Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 888637 пати)

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2865 на: 26 Октомври 2023, 12:09:06 pm »
Дали Мап сензорот игра улога во работата на колата на плин или плинскиот систем си има засебен мап сензор ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 298
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2866 на: 26 Октомври 2023, 12:23:49 pm »
Mene mi rekoa deka sistemot sam prefrluva koga motorot ke dostigne nekoi  30 do 50 stepeni rabotna temp i deka na plin nad 140 da ne ja vozam kolata. I zatoa niz grad i bliski mesta vizam na plin, avtopat benzin neka osete taa kola 180km/h  :D

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2867 на: 26 Октомври 2023, 14:05:54 pm »
Дали Мап сензорот игра улога во работата на колата на плин или плинскиот систем си има засебен мап сензор ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Да се самоцитирам: Има свој МАP,  некој срања ми се дешаваа со нерамномерно работење, осетив и дека грее моторот многу повеќе, обртаите се подзадржуваа кога ќе ја извдев од брзина итн.. Ја провери мајстор сега, на компјутер кажа дека има 2.1 бар  и над во расплињачата, проверија Map, исправен, филтри океј, констатираа расплињча капут. Вероватно и цревото од антифризот даде од ова. Ќе ја менвам од понеделник па ќе видам како ќе се понаша колата.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2868 на: 26 Октомври 2023, 14:15:06 pm »
Расплињача лесно се проверува со вадење цревце.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2869 на: 26 Октомври 2023, 14:43:50 pm »
Не ми изгледаше мене само вадење цревце работата.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2870 на: 26 Октомври 2023, 19:40:16 pm »
Дали следново е симптом на лоша расплињача!?

На ладен мотор му требаше подолго време за да запали. На загреан мотор пали веднаш.

Го запрев протокот од боцата за плин, и моторот почна да пали веднаш и на ладен старт. Веќе две недели возам така и нема никаков проблем колата.

Исто така под мала гас се исклучуваше плинот и сам префрлаше на бензин. Во лер и на повисоки обртаи го немаше овој проблем.

Се сомневам дека на расплињачата и дошло време за репарирање. Некој со слично искуство?

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2871 на: 27 Октомври 2023, 10:29:44 am »
Дали Мап сензорот игра улога во работата на колата на плин или плинскиот систем си има засебен мап сензор ?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Плинските уреди од поновата - секвент генерација, наменета за возила со МПИ мотор, поседуваат свој МАП сензор. Но МАП сензорот на возилото треба да е исправен за правилно функционирање на моторот и на плински погон.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2872 на: 27 Октомври 2023, 10:46:54 am »
Дали следново е симптом на лоша расплињача!?

На ладен мотор му требаше подолго време за да запали. На загреан мотор пали веднаш.

Го запрев протокот од боцата за плин, и моторот почна да пали веднаш и на ладен старт. Веќе две недели возам така и нема никаков проблем колата.

Исто така под мала гас се исклучуваше плинот и сам префрлаше на бензин. Во лер и на повисоки обртаи го немаше овој проблем.

Се сомневам дека на расплињачата и дошло време за репарирање. Некој со слично искуство?

Sent from my LM-V450 using Tapatalk



Најдобро е возилото одвечер да се остави во авто-плински сервис, за науро да се направи проверка на ладен мотор кога и проблемот се случува. Посочените симптоми може да бидат предизвикани од испартувачот, но и од други причини.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2873 на: 27 Октомври 2023, 19:47:59 pm »
Проблем ми е што сум од Охрид па не можам да ви го оставам возилото да преноќи во друг град. Има некој плинаш во Охрид што може да го среди ова?

Скоро сум сигурен дека проблемот е во испарувачот, барем сите симптоми укажуваат на тоа.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2874 на: 29 Октомври 2023, 12:16:25 pm »
Кога ќе ја гасам колата од покажувачот за плин дава два кратки звучни сигнали. Дали е време за промена на филтри? Сменети ми се двата филтри и некои црева пред ≈9350км.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2875 на: 29 Октомври 2023, 12:59:57 pm »
Кога ќе ја гасам колата од покажувачот за плин дава два кратки звучни сигнали. Дали е време за промена на филтри? Сменети ми се двата филтри и некои црева пред ≈9350км.
Сервис, не е битно колку си поминал пошто е на работни саати

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2876 на: 29 Октомври 2023, 13:01:12 pm »
На колку работни саати е по дифолт?
360?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2877 на: 30 Октомври 2023, 10:19:56 am »
Проблем ми е што сум од Охрид па не можам да ви го оставам возилото да преноќи во друг град. Има некој плинаш во Охрид што може да го среди ова?

Скоро сум сигурен дека проблемот е во испарувачот, барем сите симптоми укажуваат на тоа.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk



Не проблем да се замени испарувачот, самата постапка трае околу еден час.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2878 на: 30 Октомври 2023, 10:23:57 am »
На колку работни саати е по дифолт?
360?

Ние ги подесуваме на 500 работни часови, во пракса тоа е еквивалент на 20,000 км комбинирано возење. Ако се вози само во град, ќе сигнализира и нешто порано

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2879 на: 05 Декември 2023, 18:12:06 pm »
Дали имате конвертирано Lexus IS250 2006-2007 на плин? Ме интересира како се движи потрошувачката после конверзија на плин, дали страдаат вентилите и дали може да се монтира на странско возило?