Ако троши просечно 10л бензин на 100км вака отприлика би била мојата пресметка:
1200е плинскиот уред
0.45е литар плин
1.02е литар бензин
-------------------------------
кога би се возело само на плин, со потрошувачка од 12л/100км за 10.000км ќе се потрошат 540e
кога би се возело само на бензин, со потрошувачка 10л/100км за 10.000км ќе се потрошат 1020е
Кога би се возело со 20% бензин (како на овој уред), тогаш за 10.000км ќе се потрошат 450е за плин и 204е за бензин = 654е за гориво.
Разликата помеѓу 1020е и 654е е 366 евра. Толку разлика се прави со сегашните цени на 10.000км за кола која троши 10л бензин.
Значи, за да се анулира инвестицијата од 1200 евра, потребно е да се извозат минимум 33.000км
После 33.000км, почнува заштедата. До тогаш само се анулира инвестицијата. Сепак, во оваа пресметка не се влезени евентуалните (доколку ги има) почести сервиси и потрошен материјал, како и одржување на уредот, и евентуално возење чисто на бензин во првите неколку километри додека се загрее колата (не знам овие уреди дали имаат потреба од тоа).
Доколку колата ви троши помалку или повеќе од 10л, израчунајте колку проценти е тоа, и додадете или одземете толку проценти на математиката.