Ако регистрацијата трае ДО 05.09 (така пишува на полисата и на печатот у сообраќајна), веќе дента на 05.09 колата не ти е регистрирана и осигурана. Мислам дека @kalimero може да го потврди ова.
Јок
Полани ме сопреа во 23:40 или така нешто, истиот ден кога истекуваше. Баш коментираа за датата и им вратив - Да се повозам уште 20-тина минути и толку
Фала @Deni
Затоа е и најдобро да се регистрира на истиот ден кога истекува. Старата те покрива за тој ден, новата веќе од наредниот се активира...
Затоа и ти кажувам. Најдобро е да се регистрира било кој ден во тие 30 дена пред да истече. Тоа ти објаснувам. Секако старата ќе трае до 05.09ти, И ИАКО ПОРАНО СИ РЕГИСТРИРАЛ НОВАТА ЌЕ ПОЧНЕ ОД 06.09 и ќе трае од 05.09 следната година. Нема разлика дали ќе одиш на 08.08, на 20.08, на 27.08 или на 05.09. Апсолутно никаква разлика. Нема потреба да темпираш на тој ден да одиш. Ниту да темпираш со одмори за да не се поклопи тој ден.
Гледам дека ти е нејасно нешто, ама незнам дали ги читаш работиве за кои прашуваш прашања. Не за друго, зошто и друг утре ќе прочита и може да стигне до погрешен заклучок.
Јас разбирам дека ТИ Е СТРАВ порано да ја регистрираш колата, зошто следнат година МИСЛИШ дека ќе ти дојде порано. Ама не е така. Неколку пати се обидувам да ти го објаснам тоа. Не е важно кој ден ќе одиш, и не е најдобро да одиш ден пред да истече, бидејќи е потполно исто кој ден ќе одиш. Новата регистрација ќе почне од потполно истиот ден, кога и да си отишол во тие денови.