Автор Тема: Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување  (Прочитано 170315 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Клабери, едно интимно прашање:
Дали можеш да регистрираш кола истиот ден кога ти истекува или да се чека наредниот ден?

Пример: ако регистрацијата истекува на 05.09, дали може да ја регистрирам на 05.09 или да почекам на 06.09...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Можеш (и треба) да ја регистрираш до 30 дена пред да истече регистрацијата. Никако не чекај, и никако не оди на 06ти ако истекува на 05ти бидејќи ќе имаш дупка во осигурувањето и регистрирањето.

Секако ќе почне регистрацијата од 05.09 и да одиш на 08.08 - не губиш денови ако одиш порано.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Ако регистрираш на 06.09. осигурувањето ќе ти важи од наредниот ден. Не дај боже да направиш беља на 06.09.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Никако не чекај, и никако не оди на 06ти ако истекува на 05ти бидејќи ќе имаш дупка во осигурувањето и регистрирањето.

Не се разбираме. Мислев комплет регистрација (технички+МВР+автоодговорност+зелен) на ист ден. Никогаш не сум ги двоел.

Инаку лани намерно оставив да истече (ми истекуваше во многу бош период, средина на август), се погодуваше да не можам да испланирам одмор во август. Не ја возев колата едно 2-3 недели (имаме друга, фамилијарна) за да го поместам датумот. Пример, ми истекуваше на 14.08, јас не ја возев и ја регистрирав средина на септември.

Сега ме интересираше дали може на ист ден на истек (или порано)...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Се разбираме. Се можеш да направиш комплет 30 дена пред да истече. Значи ако ти истекува на 05.09 ти СЕ можеш да направиш на 08.08 без проблем. Значи однапред 30 дена може да ја регистрираш колата. А иако си ја регистрирал 20-30 дена порано, пак ќе ти удрат печат од 05.09.2019-05.09.2019.

Слободно (и пожелно) оди ПРЕД да истече. Не чекај. Што ти е нејасно?

Хипотетички и да си на одмор ДЕНТА на 05.09.2019, не е важно бидејќи можеш МЕСЕЦ ДЕНА порано да ја регистрираш. Не е битен тој ден да го чекаш воопшто. Ако нешто не си сфатил. Еве пак:

1. Ако колата ти истекува на 05.09.2019
2. Ти можеш комотно да одиш и СЕ да осигураш, технички и регистрираш било кој ден меѓу 06.08.2019 - 05.09.2019
3. Во кој и да е ден од гореспоменатите да отидеш, ништо нема да изгубиш бидејќи новата осигурување/Зелена/технички ќе е со печат 05.09.2019 - 05.09.2020.

Ако не е јасно прочитај уште еднаш точка 2. Било кој ден во тие 30 пред да истече регистрацијата. Не чекај. Ако имаш прекин и беља, последиците се огромни.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Ако регистрацијата трае ДО 05.09 (така пишува на полисата и на печатот у сообраќајна), веќе дента на 05.09 колата не ти е регистрирана и осигурана. Мислам дека @kalimero  може да го потврди ова.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Ако регистрацијата трае ДО 05.09 (така пишува на полисата и на печатот у сообраќајна), веќе дента на 05.09 колата не ти е регистрирана и осигурана. Мислам дека @kalimero  може да го потврди ова.
Не. Осигурувањето важи на 05.09.2019та ако печатот е до тој ден.

Но, како што рече Банзаи осигурувањето НЕ ВАЖИ на денот на издавање. Старата полиса те покрива до печатот и печатот, новата полиса од следниот ден.

Тоа е со цел ако имаш сообраќајка нерегистриран на 04.04 и отидеш после сообраќајката да те „регистрираат“ - не ти важи полисата за тој ден. Туку од следниот. Иако е издадена на 04.04, важи од 05.04ти се до 04.04 заклучно со 04.04.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
тогаш јас погрешно ги разбирам термините „од“ и „до“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Ако регистрацијата трае ДО 05.09 (така пишува на полисата и на печатот у сообраќајна), веќе дента на 05.09 колата не ти е регистрирана и осигурана. Мислам дека @kalimero  може да го потврди ова.

Јок  ;D
Полани ме сопреа во 23:40 или така нешто, истиот ден кога истекуваше. Баш коментираа за датата и им вратив - Да се повозам уште 20-тина минути и толку   :-X

Фала @Deni
Затоа е и најдобро да се регистрира на истиот ден кога истекува. Старата те покрива за тој ден, новата веќе од наредниот се активира...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
/ From 18.09.2018  / time 00:00 / to 17.09.2019 / time 23:59

Значи новото кога и да го купиш ќе ти почне од 18.09.2019 во 00:00

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Мислам дека не е така во МКД, не знам од каде ти се From/To во постов.

Ако печатот на сообраќајната е 18.09.2019 - ќе трае до 18.09.2020 до 23:59 часот. На 19.09.2020 веќе не ти е осигурана.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Ако регистрацијата трае ДО 05.09 (така пишува на полисата и на печатот у сообраќајна), веќе дента на 05.09 колата не ти е регистрирана и осигурана. Мислам дека @kalimero  може да го потврди ова.

Јок  ;D
Полани ме сопреа во 23:40 или така нешто, истиот ден кога истекуваше. Баш коментираа за датата и им вратив - Да се повозам уште 20-тина минути и толку   :-X

Фала @Deni
Затоа е и најдобро да се регистрира на истиот ден кога истекува. Старата те покрива за тој ден, новата веќе од наредниот се активира...
Затоа и ти кажувам. Најдобро е да се регистрира било кој ден во тие 30 дена пред да истече. Тоа ти објаснувам. Секако старата ќе трае до 05.09ти, И ИАКО ПОРАНО СИ РЕГИСТРИРАЛ НОВАТА ЌЕ ПОЧНЕ ОД 06.09 и ќе трае од 05.09 следната година. Нема разлика дали ќе одиш на 08.08, на 20.08, на 27.08 или на 05.09. Апсолутно никаква разлика. Нема потреба да темпираш на тој ден да одиш. Ниту да темпираш со одмори за да не се поклопи тој ден.

Гледам дека ти е нејасно нешто, ама незнам дали ги читаш работиве за кои прашуваш прашања. Не за друго, зошто и друг утре ќе прочита и може да стигне до погрешен заклучок.

Јас разбирам дека ТИ Е СТРАВ порано да ја регистрираш колата, зошто следнат година МИСЛИШ дека ќе ти дојде порано. Ама не е така. Неколку пати се обидувам да ти го објаснам тоа. Не е важно кој ден ќе одиш, и не е најдобро да одиш ден пред да истече, бидејќи е потполно исто кој ден ќе одиш. Новата регистрација ќе почне од потполно истиот ден, кога и да си отишол во тие денови.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Јас разбирам дека ТИ Е СТРАВ порано да ја регистрираш колата, зошто следнат година МИСЛИШ дека ќе ти дојде порано. Ама не е така. Неколку пати се обидувам да ти го објаснам тоа. Не е важно кој ден ќе одиш, и не е најдобро да одиш ден пред да истече, бидејќи е потполно исто кој ден ќе одиш. Новата регистрација ќе почне од потполно истиот ден, кога и да си отишол во тие денови.

Не ми е страв. Секако дека претходната полиса не може да престане додека не истече. 10 години веќе ја регистрирам колава, никогаш сум немал потреба да ја регистрирам порано. Што од финансиски причини, што од практични.

Како што си прочитал погоре - колата не ја регистрирав порано со години уназад, не затоа што ми е "страв" или дека ми е нејасно било што, туку да заштедам пари пред да се оди на одмори. И 60 дена да може порано од истекот на старата полиса ми е тотално небитно. Секако пари мора да дадеш, пари што ќе се најдат на одмор.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Ааа друго е тоа, мислев си темпирал да си во МК за дента да регистрираш и си правел компромиси за одморот заради регистрација на кола. Што е за џабе, зошто има опции.

А за пари, тоа е тоа. Некои даваат на 12 рати, па исто ти се фаќа кога е регистрирана - трошокот се дели низ целата година. Ама незнам како оди тоа, не сум правел на рати до сега.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
дајнерс рати без камата  8)