Автор Тема: VW Golf MK2 GTI 16V  (Прочитано 124206 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #60 на: 08 Септември 2016, 16:31:55 pm »
После подолги подготовки околу добивање соодветни услови и алат за да се извади моторот од колата, конечно можам да кажам дека и таа работа се заврши.

На оваа историска фотографија може да се видат "инжењерите" и членови на форумот кои допринесоа со својот труд  ;D:



Генерално ова е моменталната состојба на колата.



Сега следи интересниот дел  ::)
« Последно менување: 12 Септември 2016, 01:01:44 am GTI16V »

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #61 на: 08 Септември 2016, 16:46:13 pm »
Сликарот да ми го поздравиш !
Само напред Стари !

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #62 на: 08 Септември 2016, 22:38:09 pm »
Педери сте не викате на помош!  :-*

Отсутен Stw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 93
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #63 на: 11 Септември 2016, 12:08:57 pm »
nz zaso slikive ne mi gi otvara :/

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #64 на: 12 Септември 2016, 01:02:01 am »
nz zaso slikive ne mi gi otvara :/

Пробај сега.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #65 на: 12 Септември 2016, 01:14:49 am »
Скршнавме десно на раскрсница со проектот, после посета на лимар во гаража и откако направи целосна проверка и процена на состојбата на шасијата исходот беше следен:

- Промена на лев рог
- Промена на задно лево крило
- Промена на лев праг
- Промена на задно лево подкрило и чашка за амортизер (да се одпунктира се целосно)
- Крпење на задна десна чашка
- Крпење на задно десно подкрило
- Исправање и санација на заден везен лим
- Крпење на дел од левиот патос

Во глобала многу работа, па додека се мислев што понатака случајно ми излезе низ муабет можност за друга ГТИ шасија, некои може ќе познаат чие беше голфчето додека се возеше низ Скопје.

Значи шасијата е повторно ГТИ, произведен 1990 година, сончев кров, сменети рогови и прагчиња (поцинковани). Шасијата е целосно средена, нема лимариска работа по неа и спремна е за фарбање. Најважно е што е доста здрава, нема за крпење назад кај амортизери, што од пракса на досега сите видени двојки таму беа катастрофа.

Еве неколку слики од шасијата:













Крајната цел останува иста, Monza Blue металик боја, 16v мотор. Додуша деловите веќе ги имав набавено, единствено се одлучив да ја променам шасијата.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #66 на: 07 Октомври 2016, 02:21:16 am »
Бидејќи се зезнав сам со линковите од сликите ќе морам да се повторам во овој пост, но ќе биде добра можност за рекапитулација на се она што се случуваше во изминатите месеци и некоја фтока плус од она што беше претходно споделено.

И све је почело овако:

После месец дена барање на фабричка ГТИ шасија низ случаен муабет со @Dark MK1 GTI го пронајдовме голфчето во Гостивар, поминало низ многу раце и накаде измеѓу останало запуштено. Од првиот пост веќе знаете дека се работи за КР мотор со 139кс 16 вентилски мотор к-џетроник мотор.



Морав да поминам на технички за да добијам пробни табли и да ја носам дома па да се започне со планирање и работа.



Е сега тука настанаа патешествијата, прво затоа што веднаш на излез од Гостивар речиси да не останав со 3 тркала на кола, но брзо размислување и скрпување на автопат ме донесе до дома.

Се започна со иницијално расклопување на голфот за да си покаже колку само бил запуштен:









Од старт знаев дека ќе одам со пескарење на дел од шасијата за да се открие колку вистина работа има по неа и да се среди правилно.

Во меѓувреме се набавуваа делови:







KW Variant 3 амортизери  ;D



« Последно менување: 07 Октомври 2016, 02:26:54 am GTI16V »

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #67 на: 07 Октомври 2016, 02:38:10 am »
Парт 2 оф рекапитулација  :-[

Колата се растури до гол метал.



























Е сега дојдовме до моменталната состојба. Колата некогаш била удрена во задно лево крило, може да се примети од сликата долу дека не лежи се во линија:



Откако се разгледаа сите опции заклучокот беше дека се прави, меѓутоа фалц работата претходно донела до лошата состојба на шасијата генерално гледано. Можев да одам со опцијата пескарење па целосно крпење на шасијата но математички гледано парите што ги заштедувам со земање на нова ГТИ шасија ми даваат простор да ги инвестирам во некои потребни делови кои ќе бидат нарачани нови.



Новата шасија е веќе однесена на фарбање, се чека да излезе кецот на брат ми од комора при крај на месецов па влага двојката да се освежи.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #68 на: 07 Октомври 2016, 09:20:42 am »
Паметно си одиграл со новава шасија :)

Со среќа понатака.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #69 на: 07 Октомври 2016, 13:42:47 pm »
Паметно си одиграл со новава шасија :)

Со среќа понатака.

Па Банзаи мислам дека беше паметен потег, прво заштедив многу време бидејќи новата шасија директно оди на заштитување и фарбање. Второ има периоди на работа кога има многу обврски и тешко е да трчаш да бараш и собираш делови. Сега ќе мора и кецот да се склопува дури се фарба двојката ќе биде кнап.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #70 на: 07 Октомври 2016, 21:10:20 pm »
Аaaaaaaaaaaaмa пoсле... :D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #71 на: 07 Октомври 2016, 22:45:42 pm »
После би требало ова да биде крајниот резултат  8)


Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 713
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #72 на: 07 Октомври 2016, 23:11:12 pm »
Ако, ако... виде дека работата кај мене на кецот брзо се движи па мораше да направиш hack за тука некаде да бидеш и ти со спремањето... :D
Шала на страна, кецот и двојката ќе си грмат... :) GTI brothers

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #73 на: 07 Октомври 2016, 23:34:25 pm »
Татко ви, нека земе 3ка Gti  да бидете комплет   ;D ;D ;D

Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #74 на: 08 Октомври 2016, 00:33:47 am »
Паметен избор многу ке си олеснис работата само напред


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!