Скршнавме десно на раскрсница со проектот, после посета на лимар во гаража и откако направи целосна проверка и процена на состојбата на шасијата исходот беше следен:
- Промена на лев рог
- Промена на задно лево крило
- Промена на лев праг
- Промена на задно лево подкрило и чашка за амортизер (да се одпунктира се целосно)
- Крпење на задна десна чашка
- Крпење на задно десно подкрило
- Исправање и санација на заден везен лим
- Крпење на дел од левиот патос
Во глобала многу работа, па додека се мислев што понатака случајно ми излезе низ муабет можност за друга ГТИ шасија, некои може ќе познаат чие беше голфчето додека се возеше низ Скопје.
Значи шасијата е повторно ГТИ, произведен 1990 година, сончев кров, сменети рогови и прагчиња (поцинковани). Шасијата е целосно средена, нема лимариска работа по неа и спремна е за фарбање. Најважно е што е доста здрава, нема за крпење назад кај амортизери, што од пракса на досега сите видени двојки таму беа катастрофа.
Еве неколку слики од шасијата:






Крајната цел останува иста, Monza Blue металик боја, 16v мотор. Додуша деловите веќе ги имав набавено, единствено се одлучив да ја променам шасијата.