Бидејќи не се чуствува предновогодишна еуфорија (може до мене е само, не ме земајте здраво за готово), кај мене еуфоријата е од друга причина и облик. Кулминацијата се достигнува и полека се оди кон целта и крајот на проективе што ги започнавме со
@Lhasa Green.
Пред да доловам што се се случуваше од последниот апдејт една слика да ве потсетам како изгледаше Голфот пред да стигне во мои раце. Верувам доста луѓе ќе ја препознаат, а може некој и ги има гледано видеата на YouTube од обиколница.

Е сега, бидејќи се ближи времето кога треба да се офарба колата уште се јавува дилема дали да си останам со првата идеја за Monza Blue или да одам на опцијата Fire and Ice Deep Purple.
@darko mk5 вели металик сива



Да не се правам пишман аџија ќе си останам на она што начелно го замислив у глава, а Fire and Ice бојата може да ја искористам на другото ГТИ кое веќе месец дена е во моја сопственост (ако сакате да одпочнам тема и за него слободно кажете).

ГТИ 8V мотор 112кс, сите тракатанци се по него ништо не му фали и не е вадено, 91 година со електрика на шибер и прозори и најважно брка работа за собирање и разнесување делови навака натака.
Во меѓувреме шасијата е спремна за филер внатре.



Блокот и главата од моторот повторно се заедно

Сега
@DARK MK1 GTI ќе биде задолжен за фарбање на делчиња околу моторот и вети дека ако не ме бендисаат бесплатно ќе биде фарбањето

. Дел од делчињата ќе се носат на цинкување за да заличи се како што треба на ново.
Бидејќи решив да останам со тиркизната боја еве која е замислата за ентериерот:



Овој конкретно е од BMW E30 но замислата е таа.